Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

18.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

More
    домаАгро ВестиМакедонско овчарско куче- Караман

    Македонско овчарско куче- Караман

    petel baner

    Македонско овчарско куче- Караман. Почитувани љубители на автохтоните македонски раси

    “Кинолошкиот Клуб за Македонско овчарско куче- Караман” во соработка со “Кинолошкиот Сојуз на Р. Македонија” и ” Бигорскиот манастир Св. Јован крстител”, на ден 28 (недела).05 (мај).2023 година со почеток во 12:30 часот, организира кинолошки фестивал со акцент на автохтоната раса Караман, во чии рамки ќе се одржи и ” Државното Првенство за Македонското Овчарско куче- Караман”.


    Оние учесници што доаѓаат од подалеку ќе почнат да пристигнуваат на 27ми, затоа на некои објави ќе ги сретнете двете дати 27 и 28.

    Локацијата на овој хепенинг е Село Битуше, поточно во Метохот на Бигорскиот манастир, Св Кирил и Методија, веднаш под врвот на планината Крчин, која го претставува јужниот дел од веригата на планинскиот масив Кораб-Дешат-Крчин; на Шарпланинскиот Масив.

    Овој пат одлучивме изложбата да се случува на самиот извор, на планината, таму каде што некогаш започнало со цел да испратиме една порака кон иднината, за идните генерации Караманџии која гласи:” Иако иднината на расата е на асфалтот, единствена нејзина безгрешна мерка е планината- природата”!


    И како и секогаш да повикаме на будење на свеста кај македонската нација за неопходноста за зачувување на се’ она што е македонско.

    Секогаш имајќи на ум дека најмалите камчиња на композицијата на мозаикот наречен Македонија ја прават сликата голема и цела!

    agrounik

    Ветуваме богата програма, доста изненадувања и што е најбитно добра дружба.

    Македонско овчарско куче- Караман

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Локација :
    https://maps.app.goo.gl/dyfkbBpuZUjq5AV18?g_st=ic

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img