Таму каде што се собираат земјоделците
Најголемата дигитална агро-заедница во Македонија. Вашата порака оди директно до луѓето што одлучуваат што ќе се купи на нивата, фармата и во градината.
Кој нè следи
Поледелци, сточари, овоштари, лозари, градинари и пчелари од цела Македонија, како и семејни стопанства што купуваат механизација, семиња, ѓубрива и опрема.
Што читаат
Субвенции и ИПАРД, цени на откуп и на Кванташкиот пазар, совети за сеидба, заштита и механизација, катастар и земјиште. Секојдневно, цела година.
Еден договор, пет канали
Истата публика ве гледа на веб, на Facebook, во групата, на Viber и во шопот. Повеќекратната изложеност гради доверба во вашиот бренд.
Веб-сајт zemjodelie.mk
Банери, спонзорирани написи и истакнати позиции. Околу 9.500 посети месечно доаѓаат само од Google пребарување, со просечна позиција 6 во резултатите.
Facebook страница
Над 80.000 следачи и органски досег без платени засилувања. Вести, совети и објави на партнерите секој ден.
Facebook група
Околу 2,1 милион прегледи месечно. Активна публика што секојдневно пишува, коментира и бара препораки за опрема и производи.
Viber заедница
Вашата порака стигнува директно на телефонот на земјоделецот, без алгоритам меѓу вас.
Земјоделие Шоп · shop.zemjodelie.mk
Онлајн продавница со повеќе продавачи. Нарачките одат директно кај продавачот, со плаќање при достава. Веќе продаваат Синпекс, Семенарна СК, Најк Пром, Tigar и Органика Нова.
2,28 милиони прикажувања на Google за последните 16 месеци.
Изберете го вашиот план
Годишен договор, без скриени трошоци. Цените се месечни.
Start
- 1 објава месечно (веб + Facebook)
- Споделување во Viber
- 1 банер на сајтот
Growth
НАЈБАРАН- 2 објави месечно на сите канали
- Присуство во Facebook групата
- 2 банери на сајтот
- Viber, 2 пати месечно
Dominant
- 4 објави месечно на сите канали
- Истакната позиција на веб
- 2 банери на врвни позиции
- Viber, 4 пати месечно
Кампања
- Максимален досег, краткорочно
- Сите канали паралелно
- Идеално за сезонски промоции
- Брза активација
Ви треба прилагоден пакет или продажба на производи во Земјоделие Шоп? Пишете ни.
Единствена агро-платформа од ваков обем
Нема поголем специјализиран земјоделски медиум во Македонија.
Активна, не пасивна публика
139.000 членови што секојдневно пишуваат, коментираат и прашуваат.
Повеќекратна изложеност
Веб, Facebook, група, Viber и шоп. Истата публика ве гледа на повеќе места.
Ограничен број рекламери
Не работиме со десетици фирми, па секој партнер добива поголема видливост.
Започнете уште денес
Фирмите што реагираат навреме имаат предност во изборот на термин, позиција и пакет. Одговор во рок од 24 часа.
Милан Лазарески, основач и главен уредник
