Несреќа со трактор Смоквица – Гевгелија – Седумдесет и петгодишен жител на Гевгелија почина како последица на тешки повреди здобиени во сообраќајна несреќа што се случила во селото Смоквица, информира Министерството за внатрешни работи.
Според официјалните информации, несреќата се случила на 8 април 2026 година околу 09:15 часот.
„Во ОВР Гевгелија е пријавено дека на улицата „Костадин Зупов“ во село Смоквица, трактор „Тома Винковиќ“ со приколка, управуван од Р.Б. (75) од Гевгелија, излетал од патот и паднал во речното корито на реката Мешкавица“, соопшти МВР.
Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, додека неговиот сопатник Ж.Г. (70) од село Смоквица поминал со полесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Гевгелија.
Поради сериозноста на повредите, возачот итно бил пренесен на лекување во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, но и покрај напорите на лекарите, подоцна им подлегнал на повредите.
„Од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во 23:15 часот е добиено известување дека лицето починало“, информираат од МВР.
За случајот бил известен јавен обвинител, а увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Гевгелија. Се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случила трагедијата.
Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на Вибер, Телеграм, Фејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK
















