
ХАЛКБАНК СОЗДАДЕ РЕКЛАМИ ШТО ЧЕШКААТ
За промоција на земјоделски кредит, Халкбанк создаде реклама што животните ја обожаваат!
Чешањето е природна потреба кај добитокот и важен дел од неговата благосостојба. Редовното чешање ја подобрува циркулацијата и придонесува животните да бидат поздрави и поспокојни, а подобрата благосостојба на добитокот значи и подобра продуктивност.
Токму од овој едноставен факт произлезе The Scratching Ad ‒ новата кампања за промоција на земјоделски кредит на Халкбанк.
Наместо рекламите само да зборуваат за подобра продуктивност, Халкбанк создаде реклами што директно ги зголемуваат продуктивноста и среќата на добитокот. За таа цел, промотивното возило и рекламните површини беа обложени со специјални четки за чешање и беа однесени директно кај фармерите и нивните животни.
Така, рекламата стана практична демонстрација на она што го нуди земјоделскиот кредит, а тоа е поддршка за подобри услови, поздрав добиток и попродуктивни фарми.











