ТУТУН
Тутунари, правилно пакувајте го тутунот
🤝 Партнерска содржина – текст подготвен од СЕКЕ
Со почетокот на сезоната за откуп на тутунот, правилното пакување станува особено важно за производителите.
Влагата при пакување на тутунот
Пред пакувањето проверете ја и влагата. До 16 проценти нема одбиток. Над 16 до 20 проценти, вишокот влага се одбива од тежината. Тутун со над 20 проценти влага или тутун прскан со вода воопшто не се откупува.
| Влага во тутунот | Што значи при откупот |
|---|---|
| До 16 % | Нема одбиток |
| Над 16 до 20 % | Вишокот влага се одбива од тежината |
| Над 20 % или прскан со вода | Воопшто не се откупува |
Не мешајте берби и класи
Мешањето тутун од различни берби и класи може да ја намали вредноста на целата кутија.
💡СЕКЕ ви препорачува заедно да пакувате само тутун од иста берба и од иста класа. Доколку во кутијата се измешани различни берби и квалитет, при откупот целата кутија ќе биде проценета според најниската класа во неа.
Чист тутун, без нетутунски материјали
Од тутунот отстранете ги сите нетутунски материјали: пластика, метал, конци, остатоци од ракавици, гума, пердуви, цветови, плевел, инсекти и стакло.
Чување на спакуваниот тутун
⚠️Пакуваниот тутун чувајте го во простории без мирис на хемиски препарати, горива или добиток. При пакувањето не го третирајте со никакви хемиски средства.
Видео: правилно пакување на тутунот
▶
Погледнете го видеото на YouTube
СЕКЕ се грижи за вашиот труд. Не дозволувајте невниманието при пакувањето да ја намали вредноста на она за што сте работеле цела година.














