Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

20.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

More
    домаАгро советиАприл е вистинско време за овие зеленчуци

    Април е вистинско време за овие зеленчуци

    petel baner

    Април е месец кога земјата полека се загрева и кога повеќето градинарски култури се садат и сеат во градините. Исто така, може да се сее цвеќе. Ова е наш предлог кога станува збор за вистинско време за садење и сеење зеленчук.

    Agrobot

    Март порано беше непостојан месец, а познатата баба Марта беше симбол на непредвидливи метеоролошки услови, наеднаш минус, мраз, па дури и снег. Но, сведоци сме дека ваквите осцилации на температури сега се случуваат во првата половина на април, кога во текот на ноќта температурата нагло паѓа, понекогаш паѓајќи и под нулата.

    Затоа е важно на почетокот да се истакне дека растенијата треба да се садат на отворено кога ќе помине опасноста од мраз. На почетокот на април (кога времето дозволува) може да се заврши садењето кромид, грашок, морков, зелена салата и праз. Може да се сади и зелка, карфиол, блитва и келераба.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Во средината на април треба да се засадат компири, цвекло , целер, аспарагус и слатка пченка. Ако сакате да пробате нешто ново, предлагаме да одгледувате компири под слама . Тоа е исклучително лесно и едноставно. Гравот може да се сади во овој период или на крајот на април (во зависност од временските услови). Во затворен простор се садат садници од пиперка, домат и модар патлиџан.

    Последната недела од април е резервирана за директна сеидба на домати и пиперки. Има голем број на предности, но главната е развојот на силен корен, со што се намалува потребата за подоцнежно наводнување. Исто така, може да се сее грав и тиквички.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img