Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

22.8 C
Skopje
Saturday, April 27, 2024

More
    домаОд соседитеПотврдени 1.363 случаи на африканска свинска чума во Србија

    Потврдени 1.363 случаи на африканска свинска чума во Србија

    petel baner

    Во Србија се потврдени вкупно 1.363 случаи на африканска свинска чума кај домашни свињи на 918 фарми на територијата на 30 општини во 12 административни области, а угинале 662 свињи.

    Еутаназирани се 11.840 свињи од различни категории со безопасно отстранување и дезинфекција на фармите, соопшти српското Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.

    Agrobot

    За угинатите и убиени свињи по итна постапка се предвидува целосен финансиски надомест на сопствениците на животните.

    -Уште еднаш апелираме до сопствениците на свињи секоја промена во здравствената состојба да ја пријават кај ветеринарот. Со цел да се изврши брза дијагноза на болеста и во најкус можен рок да се преземат сите неопходни мерки. Со цел да се спречи ширењето на африканска свинска чума – соопшти Министерството.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Тие наведуваат дека сопствениците можат да ја препознаат африканската свинска чума. Врз основа на симптоми како што се ненадејна смрт на една или повеќе свињи. Губење на апетит, депресија, покачена телесна температура до 42°C. Крварење на кожата (најчесто на ушите, муцката, опашката, нозете, стомакот и страните на телото), како и крвава дијареја, повраќање, отежнато дишење.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img