домаОд соседитеКој купи милион хектари земјиште и стадо од 90 илјади грла?

Кој купи милион хектари земјиште и стадо од 90 илјади грла?

Pneumatik baner

Кој купи милион хектари земјиште и стадо од 90 илјади грла?

Австралискиот пазар на земјоделски недвижности ја завршува 2025 година со историски рекорд. Реализирана е најголемата трансакција досега кога станува збор за продажба на земјоделско земјиште и сточен фонд. Повеќе од еден милион хектари земја, заедно со стадо од околу 90.000 грла говеда, добија нов сопственик – компанијата British Consolidated Pastoral Company (CPC).

Како што пишува специјализираниот портал BeefCentral, станува збор за продажба без преседан, како по површината на земјиштето, така и по бројот на вклучени животни. Досегашните сопственици, познато австралиско семејство милијардери и долгогодишни сточари, ги продале трите големи сточарски имоти во Северната територија – Beetaloo, OT Downs и Mungabroom Station.

Семенарна хоризонтален банер

Земјиште, стока и инфраструктура во еден договор

Новиот сопственик, British Consolidated Pastoral Company, според информациите на abc.net.au, за целиот пакет платил повеќе од 300 милиони австралиски долари, што изнесува околу 170 милиони евра.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Купопродажниот договор го потпишале милијардерот и главен инвеститор на CPC, Брет Бланди, како и Џејн и Скот Армстронг, ќерка и зет на покојниот Џон Даниклиф, еден од основачите на компанијата Beetaloo. Трансакцијата е официјално одобрена и заведена во земјишните регистри на Северната територија на Австралија.

Продажбата предизвика големо внимание во австралиската јавност, бидејќи фармите Beetaloo се сметаат за едни од најмодерните и најразвиените сточарски системи во северниот дел на земјата. Посебно се истакнува напредниот систем за снабдување на стоката со питка вода, во кој со години биле вложувани милионски инвестиции.

Децении систематски вложувања

Австралиските медиуми потсетуваат дека поранешните сопственици со децении ги проширувале своите имоти и стада. До 2002 година успеале да обединат повеќе од еден милион хектари земјиште, а со поддршка на инвеститори изградиле обемна инфраструктура – бушотини, водни резервоари, системи за наводнување и оградени пасишта.

Паралелно со инфраструктурниот развој, значително растела и сточарската продукција. Бројот на говеда постепено се зголемувал од околу 20.000 на над 80.000, за во моментот на продажбата да достигне приближно 90.000 грла.

Фармите Beetaloo се специјализирани за одгледување говеда од расата Брахман, која е меѓу најзастапените месни раси во Австралија и САД. Оваа раса е особено ценета поради брзиот прираст, но и високата отпорност на жештини и сурови климатски услови.

Купувачот го презеде целото производство

Важен аспект на трансакцијата е тоа што станувало збор за продажба на „производство во тек“, што значи дека новиот сопственик го презел целокупното стадо заедно со фармите.

Покрај земјиштето и животните, во договорот биле вклучени и бројни објекти и средства: сточарски и стопански згради, станбени куќи, административни објекти, сместувачки капацитети за работници, работилници и магацини. CPC ја презела и целокупната механизација, фабрики за сточна храна, возен парк за транспорт на добиток, како и авиони и хеликоптери што се користат за надзор и управување со стадата на огромни површини.

Имот со големина на половина Македонија

Површината од над еден милион хектари што беше предмет на оваа продажба е споредлива со речиси половина од вкупната територија на Република Македонија, што најдобро ја илустрира големината и значењето на трансакцијата.

Со оваа аквизиција, British Consolidated Pastoral Company дополнително ја зацврсти својата позиција како еден од најголемите производители на говедско месо во Австралија. Вкупниот сточен фонд на компанијата сега надминува 400.000 грла говеда, а земјишниот портфолио достигнува повеќе од 5,5 милиони хектари.

Тигар лого гиф

CPC поседува фарми во Северната територија, Квинсленд и Западна Австралија, а делува и надвор од земјата, меѓу другото и со фарми за живина во Индонезија.

Трансакција што ја менува сточарската мапа

Австралиските медиуми оценуваат дека купувањето има силна стратешка логика, бидејќи CPC веќе поседува земјиште во непосредна близина на купените фарми, што овозможува подобра логистика и поефикасно управување.

petel baner

За Австралија, но и за глобалниот пазар на месо, оваа рекордна продажба е јасен показател за насоката во која се движи современото земјоделство – кон големи, капитално моќни сточарски системи што управуваат со ресурси на огромни, континентални површини.

Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img