Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

26.8 C
Skopje
Thursday, October 10, 2024

More
    домаАгро ВестиЕвропската унија се грижи за своите земјоделци

    Европската унија се грижи за своите земјоделци

    petel baner

    Европската унија се грижи за своите земјоделци – Европската комисија предложи скоро 120 милиони евра за поддршка на земјоделците од пет земји-членки на ЕУ, кои се соочија со екстремни временски услови оваа година. Преку иницијативата за земјоделска резерва на ЕУ, Комисијата препорача 119,7 милиони евра да бидат распределени како помош за земјоделците во Бугарија, Германија, Естонија, Италија и Романија.

    Целта на оваа поддршка е да им помогне на земјоделците кои доживеале штети во производството и приходите поради временските непогоди кои го зафатија нивното земјоделство оваа пролет и почетокот на летото. Секој од овие пет држави ќе добие одредена сума: 10,9 милиони евра за Бугарија, 46,5 милиони за Германија, 3,3 милиони за Естонија, 37,4 милиони за Италија, и 21,6 милиони евра за Романија. Дополнително, секоја држава може да ги зголеми овие суми со средства од сопствените национални буџети, до 200 отсто.

    Otkup na kompiri

    Овој предлог на Европската комисија ќе биде разгледан на состанокот на Комитетот за земјоделски пазари на 7 октомври. По одобрувањето, земјите ќе треба до крајот на годината да ги поднесат своите планови за распределба на средствата и за потенцијални дополнителни мерки на поддршка за погодените земјоделци. Исплатата на помошта треба да заврши до крајот на април 2025 година, при што ќе се внимава да не се нарушат правилата за конкурентност.

    Комисијата исто така размислува за дополнителна помош за земјоделците во други земји членки, кои беа погодени од екстремни временски услови во втората половина од летото, како поплавите во Австрија, Полска и Чешка, и сушите во Португалија.

    Земјоделската резерва, која е дел од Заедничката земјоделска политика на ЕУ, располага со годишни средства од 450 милиони евра за периодот од 2023 до 2027 година. Овие средства се наменети за справување со нарушувања во земјоделскиот сектор предизвикани од неочекувани појави, како екстремни временски услови.

    agrounik

    Годинава, јужна Европа се соочи со високи температури и суши кои сериозно влијаеја на производството на овошје, зеленчук и вино во Италија, и на пролетната жетва на пченка и сончоглед во Бугарија. Во Романија, производството на индустриски култури и маслодајни семиња беше исто така тешко погодено од временските услови, а дополнително, силното невреме на почетокот на летото предизвика штети на многу земјоделски површини.

    Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    Северните региони, вклучувајќи делови од Германија и Естонија, беа зафатени од ниски температури и мраз, што нанесе сериозни штети на овоштарството и лозарството, а во Естонија, поплавите и силните врнежи во летото ги оштетија земјоделските култури, особено компирите и маслодајната репка.

    Европската унија преку ваквите мерки покажува дека земјоделците секогаш можат да сметаат на поддршка во време на криза.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img