Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

4.8 C
Skopje
Tuesday, February 17, 2026

More
    домаАгро ВестиНема кратење на субвенциите, средствата ќе одат кај вистинските земјоделци

    Нема кратење на субвенциите, средствата ќе одат кај вистинските земјоделци

    Prokredit baner

    Новата Програма за директни плаќања за 2026 година претставува сериозен исчекор кон воспоставување фер и одржлив систем на земјоделски субвенции. Со реформите што ги најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, државната поддршка конечно се насочува кон вистинските земјоделци – оние што реално произведуваат и придонесуваат за зголемување на домашното производство на храна.

    Министерот Трипуновски во повеќе наврати потенцираше дека целта не е кратење на субвенциите, туку воведување јасни и правични правила. Со минимално зголемување на површините и бројот на грла како услов за добивање финансиска поддршка, се создава механизам што ќе обезбеди средствата да завршуваат кај активните производители, а не кај т.н. „ловци на субвенции“.

    bum.mk

    Особено значајна е одлуката за засилени теренски контроли преку координација меѓу Државниот инспекторат за земјоделство и Платежната агенција. Со ова се затвора просторот за злоупотреби, како што беа случаите со пријавување непостоечки грла или необработени површини. Реформскиот пристап на министерот Трипуновски испраќа јасна порака дека јавните средства ќе се трошат одговорно и транспарентно.

    Тигар лого гиф

    Дополнително, новата законска рамка предвидува дел од производството да се докажува преку откупни и преработувачки центри, со што се обезбедува реална проверка на продукцијата. Ова е клучен чекор кон стабилен и конкурентен аграр, кој ќе обезбеди повисока продуктивност и поголема пазарна ориентација.

    Важно е да се нагласи дека буџетот за субвенции не се намалува. Средствата остануваат на ниво од околу 100 милиони евра годишно, со можност за дополнување во текот на годината во зависност од бројот на апликанти и реалното производство. Тврдењата за намалување на буџетот не кореспондираат со реалните финансиски рамки и досегашната практика.

    Petel.mk

    Реформите во земјоделството не се насочени против земјоделците, туку против злоупотребите. Поддршката за овие мерки значи поддршка за чесните производители, за зголемено домашно производство и за поефикасно користење на буџетските средства. Со јасни правила и засилени контроли, се создава систем во кој субвенциите ќе бидат вистински мотор на развојот на македонското земјоделство.

    Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img