домаАгро ВестиОткупот на јагнето пак под притисок – дали 300 денари е реална...

Откупот на јагнето пак под притисок – дали 300 денари е реална цена?

Prokredit baner

Откупот на јагнето пак под притисок – Одгледувачите на овци во неизвесност пред стартот на откупот на јагнето

Одгледувачите на овци повторно се соочуваат со неизвесност околу почетокот на откупот на јагнето и висината на откупната цена. Според информации од терен, сточарите бараат цената да не биде под 300 денари за килограм жива мера, додека од страна на откупувачите засега неофицијално се споменуваат цени од 250 до 270 денари по килограм.

Дополнителна дилема претставува прашањето дали кланичарите ќе го организираат преземањето на јагнињата од фармите или сточарите ќе треба со сопствен транспорт да ги носат до кланиците, што би значело нов финансиски товар за производителите.

Семенарна хоризонтален банер

„Во овој момент нема јасна информација ниту за точниот датум на почеток на откупот, ниту за конечната цена“, велат овчари од повеќе региони. Според најавите, оваа работна недела се очекува средба меѓу одгледувачите на овци и претставници на кланичната индустрија, со посредство на министерот Цветан Трипуновски.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Субвенциите остануваат чувствителна тема

Овчарството изминатата година беше меѓу најпогодените сектори во однос на исплатата на субвенциите. Над 1.200 сточари не добија финансиска поддршка поради условот најмалку 50 проценти од јагнињата, во однос на бројот на овци, да бидат предадени во кланица.

Со новата програма за субвенционирање за 2026 година, условот е намален на 30 проценти од јагнињата, што одгледувачите го оценуваат како поприфатливо решение. Дополнително, за остварување на правото на субвенција потребно е да се прикаже предадено количество од најмалку 500 литри млеко во регистрирани откупни центри, што според сточарите претставува минимално оптоварување.

Тигар лого гиф

Извозот под знак прашалник поради појава на сипаница

Во меѓувреме, нов предизвик за секторот претставува ограничувањето на извозот на јагне поради појавата на болеста сипаница кај овците и козите во два региони – Липково и кумановско. Надлежните институции ја следат состојбата на терен, а евентуалното нормализирање на извозот ќе зависи од епидемиолошката состојба во наредниот период.

Доколку не се регистрира негативен тренд, извозот на јагне би можел да започне во март за регионите кои не се погодени од болеста.

Petel.mk

Секторот овчарство влегува во клучен период од годината со повеќе отворени прашања – од откупната цена, преку условите за субвенционирање, до извозните ограничувања. Разрешувањето на овие дилеми ќе биде од суштинско значење за економската одржливост на домашното производство на јагнешко месо.

Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img