домаАгро ВестиАХВ врати 10 тони јагнешка кожа на Ќафасан поради чума кај мали...

АХВ врати 10 тони јагнешка кожа на Ќафасан поради чума кај мали преживари

Prokredit baner

АХВ врати 10 тони јагнешка Навремена реакција на ветеринарните служби спречи потенцијален здравствен ризик

Во рамки на засилените контроли на граничните премини, официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Ќафасан навремено реагираа и одбија пратка од над 10 тони јагнешка кожа со потекло од Албанија, која требала да транзитира низ државата.

Според информациите од институцијата, пратката е вратена согласно донесените превентивни мерки за заштита од ширење на болеста Чума кај мали преживари, која во моментот е регистрирана во соседна Албанија.

Семенарна хоризонтален банер

Превентивни мерки за заштита на сточниот фонд

Од АХВ истакнуваат дека станува збор за навремена и професионална реакција со цел да се спречи евентуално внесување на заразата во државата.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

„Пратката е вратена согласно донесените превентивни мерки за заштита од ширење на болеста. Со оваа одлука, АХВ уште еднаш покажа високо ниво на професионалност и подготвеност за навремена превенција од потенцијални здравствени ризици“, информираат од институцијата.

Тигар лого гиф

Болеста чума кај мали преживари претставува сериозна закана за овците и козите и може да предизвика значителни економски штети во сточарството доколку не се контролира навреме.

АХВ ја потврдува својата клучна улога

Со оваа активност, Агенцијата за храна и ветеринарство уште еднаш ја потврдува својата улога како клучен фактор во заштитата на јавното здравје, безбедноста на храната и домашното производство.

Petel.mk

Засилените контроли на граничните премини остануваат една од главните мерки за превенција од внесување на заразни болести во земјата, особено во период кога во регионот се регистрираат активни жаришта.

Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img