Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

2.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро ВестиПодигање на нов овошен насад

    Подигање на нов овошен насад

    petel baner

    Подигање на нов овошен насад еве кои чекори треба да ги превземете пред да подигнете нов овошен насад.

    1. АНЛИЗА НА ПОЧВА   
    • за да се утврди агрохемискиот составот на почвата
    1. УРЕДУВАЊЕ И ПРИПРЕМА НА ЗЕМЈИШТЕТО
    • Со оваа операција  се ствараат услови за подобар прием,раст,развој и плодоносење на овошките
    1. КРЧЕЊЕ НА ПРЕТХОДНИТЕ ПОВЕЌЕГОДИШНИ КУЛТУРИ
    • Крчење мора да се направи доколку претходна култура била стар овоштарник,шума,лозов насад  Ова се врши со багер,ротациони копачки—После вадење треба да се соберат сите делови од крчените растенија а особено жилите и гранките бидејќи многу габи и бактерии кои останале од претходните растенија може да предизвикуваат трулеж на коренот или рак на корен на новиот насад
    • Најдобра предкултура за нов насад се окопни култури и култури за зелено ѓубрење
    1. НИВЕЛИРАЊЕ(РАМНЕЊЕ) НА ТЕРЕНОТ
    • После крчење земјиштето е нерамно  и мора да се направи нивелирање за да се има правилно садење и извршување на сите агротехнички операции
    1. ОДВОДНУВАЊЕ  И НАВОДНУВАЊЕ
    • Одводнување или дренажа се врши на терени каде површинската вода поради непропустливост и конфигурација на теренот слабо истекува и се задржува долго време Ова се врши со каналска дренажа,одводни канали
    • Наводнување е потребно во региони во кои во текот на вегетацијата а посебно јули и август ако се појави суша На поголеми површини се прави проект за наводнување

    -начин на залевање

    -извори и потребна количина на вода

    Otkup na kompiri

    -квалитет на водата за залевање

    -длабочина на која ке се поставува системот и нивен распоред

    1. СУЗБИВАЊЕ НА ПОВЕЌЕГОДИШНИТЕ КОРОВИ И ПАРАЗИТИ
    • Најштетни корови во овоштарниците се дивиот сирак (Sorgum halepense)пиревина (Agropyrum repens) зубача (Cynodon dactylon) и оструга дива капина (Rubus caesius)

    Овие корови се размножуваат од семе и ризоми ,со редовна обработка и хербициди на база на Диклорбенил,Атразин..се уништуваат во фаза на никнување на семетоДолгогодишните корови  се уништуваат со хербициди(тотални) на база на Глифосат се врши во интензивен раст  кога ќе достигне висина од 20-40 см но треба да се внимава да не дојде во допир со овошниот насад (лист,зелена кора)

    1. МЕЛИОРАТИВНО ЃУБРЕЊЕ НА ЗЕМЈОШТЕТО
    • земјиштето за да биде добро за овоштарник потребно е да содржи 3% хумус,5-7мг P2O5 , и 20-25mg K2O на 100 грама сува земја од 40 см длабочина на земјата
    • Доколку при анализа на почвата се добијат резултати  каде количината на хумусот, P2O5, K2O е помала од оптималните при садење се внесуват
    1. Риголовање на земјиштето
    • Риголовање на земјиштето претставува основна и најважна агромерка кај овошните насади и се врши во јули и септември на длабочина до 70 см
    1. Фина припрема на риголованото земјиште за садење
    • Во оваа припрема за садење се подразбира

    -тањирање

    -рамнење

    -копање на дупки за засење

    1. Одредување на систем на одгледување
    • Една од главните мерки е системот на одгледување кој има значајна улога во рентабилноста во овоштарникот
    • Во нашиот случај ке биде систем на вазна
    1. Растојание помеѓу овошните садници и број на садници по хектар
    • Растојанието помеѓу овошните садници треба да овозможи рамномерен развој на круната да биде доволно осветлена и да може овошките да имаат оптимален простор за хранење
    1. Сооднос на опрашувачки сорти со носечката сорта
    • За добар принос  многу е важен опрашувачот и дреба да се води сметка опрашувачите да имаат добра клијавост на поленот,да 50% се поклопува фенофазата на полно цветање со оновната(носечка) сорта Кај странооплодните сорти во овоштарникот мора да бидат застапени барем 3 сорти кои меѓусебно ќе се опрашуваат Сортите кои се предвидени за опрашувачи мора да имаат исто време на цветање со главната сорта, приближно исто време на созревање на плодовите,приближен почеток на плодоносење и ист или сличен век на живеењеГлавната сорта е застапена 60%
    1. Распоред  на сортите опрашувачи
    • При проектирање на овоштарникот кога ќе се одреди главната сорта и опрашувачите треба да се направи распред на садење Опрашувачите треба да бидат од надворешната страна и во средина
    1. Размерување и обележување на местата за садење садници
    • Идеален правец на редовите е север-југ Ова овозможува најдобро и рамномерно осветлување на овошките На ветровити терени  пожелно е правецот на редовите да одговара со правецот на дување на доминантниот ветар во периодот на вегетацијата
    • Размерувањето и обележување н садното место се врши со маркери или со геометар
    • Крајните редови  треба од меѓата да бидат оддалечени барем половина од меѓуредовото растојание за да може без пречки да се вршат сите агротехнички операции
    1. Набавка на саден материјал
    • садниот материјал треба да биде здрав,сертифициран и со подлога соодветна на земјиштето каде ке се сади
    1. Чување на садниците од набавка до садење
    • ако садниците од било која причина не се посадат истиот ден треба да се трапат за да не дојде до исушување,измрзнување,глодари….Ако садниците се подолго време транспортирани во тој случај пред садење коренот на садниците треба да се потопат во чиста вода и да стојат 12-24 часа за да се освежат
    1. Припрема на садниците за садење
    • Припремата  е во контрола на садниот материјал пред самото садење, отстранување на оштетени жили,до здрав дел,и други здраствени оштетувања
    1. Време на садење
    • од ноември па се до појава на првите рани мразеви
    1. Ставање на ѓубре при садење на секој садник посебно и негово значење
    • За нормален живот на садниците потребни се 16 биогени елементи

    -Биогени микроелементи-C,O,H,N,P,S,K,Ca,Mg  и ги троши во поголеми количини

    -Биогени макроелементи-Fe,B,Zn,Mn,Mo,Cu,Co и ги троши во мали количини

    Табела-оптимална концентрација во лист на овошката

    agrounik
    Овошен видБадеморевМакроелементи г/кгN       K       P     Ca     Mg24,0   15,0     1,2     10,0     5,023,0    12,0     1,2     10,0     2,4Микроелементи мг/кгMn    Fe     Cu     B     Zn75       –             10        35       2525    50       4      90    18
    Подигање на нов овошен насад

    Азот (N) е од суштинско значење  да учествува во изградбата на машките и женските полови органи. Учествува во процесот на оплодување и обезбедува поголема плодност   на овошни дрвја

    Фосфор(P)младите растенија во почеток на растење имаат најголема потреба од фосфор ,делува на побрзо созревање на овошката со што се скратува вегетациониот период и ја зголемува отпорноста према мраз и неговата доволна количина овозможува развој на добар корен и силни стебла

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Калиумот (K)неговиот недостаток  спречува стварање на хлорофилот се намалува фотосинтезата и делува негативно на метаболизмот на растенијата

    Кај младите овошни насади погодно е комплексно ѓубриво  8:4:20 (NPK) во тек на зимско мирување а дополнително ѓубриво на азот во втората половина на зимата или рано напролет и наесен

    1. Злевање од 5 до 10 литр вода одма после садење
    2. Резидба на младите садници  
    • Резидба  на посадените садници на 70-80 см и прекривање на резот со калемарски восок (фебруари –март)
    1. Поставување на систем за наводнување

    Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img