Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро ВестиДрва за огрев

    Дрва за огрев

    petel baner

    Дрва за огрев ќе има но прашање е по која цена ќе се купува и колку граѓаните ќе можат да си дозволат да си купат за да ги згреат своите домови.

    Снабдувачите на пелети во Македонија велат дека неможат да најдат доволно количини за да увезат бидејќи странските добавувачи своето производство го насочиле кон богатите европски земји каде што добиваат поголема цена за пелетите.

    Otkup na kompiri

    Македонскиот пазар за нив не е атрактивен бидејќи е мал а и платежната моќ на населението е слаба.

    Од македонски шуми велат дека побарале дозвола од владата да им овозможи да ја зголемат цената на огревното дрви бидејќи веќе 15 години работат со иста цена.

    Во складовите огревното дрво моментално се продава по 4600 до 5000 денари за метар кубен.

    Зашто во услови на криза поскапуваат некои работи како на пример дрвото тоа нека го објаснат некои економисти бидејќи стварно не ни текнува.

    Од македонски шуми уверуваат дека ќе соберат доволно дрва и така планот за 2022 година на ова претпријатие за производство на огревно дрво е во количина од 516.032м3, наспроти ланските околу 430 000 кубни метри и прекланските 470 000.

    Значи дрва ќе има ама дали ќе има народот да си купи тоа не се знае.

    Дрва за огрев само за богатите

    Според заводот за статистика на Македонија дури 49% од домаќинствата во Македонија се греат на дрва.

    Втор најкористен енергенс е струјата дури 31%

    10% се на парно и нешто над 8% на пелети и брикети.

    agrounik

    Владата ги опомена трговците да не создаваат паника и да не ги зголемуваат цените на огревното дрво и на пелетите.

    Овие пак велат зашто пак владата ја зголемила цената на електричната енергија и нафтените деривати а нив не им дозволува да ја изедначат цената со реалните трошоци што ги имаат.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Останува да видиме што ќе се случува но сепак ни се чини дека на крај сметката како и секогаш ќе ја плати народот.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img