Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

13.8 C
Skopje
Tuesday, April 23, 2024

More
    домаАгро советиДомашна медицина: Ефективни рецепти за Себореја

    Домашна медицина: Ефективни рецепти за Себореја

    petel baner

    Дали кожата ве чеша? Се појавуваат суви лушпи на скалпот кои тешко се отстрануваат? Дали забележувате оток и црвенило на кожата, придружени со непријатно чувство на печење? Ова значи дека веројатно имате себореичен дерматитис (себореја).

    Agrobot

    Себореја е кожна болест која наликува на псоријаза, егзема или алергиски реакции. Себорејата  може да се појави каде било на телото, а најчесто се јавува на лицето и скалпот, или главата.

    Рецепти кои можат да ви бидат корисни:

    Лосион од магдонос

    Ставете лажица магдонос и десетина листови зелена салата во 150 мл врела вода, и варете 15 минути. Потоа тргнете го од оган и оставете да се излади целосно. Користете го лосионот добиен на овој начин веднаш по миењето на косата: истријте ја на влажна коса и оставете ја да делува 10-15 минути. Потоа добро исплакнете ја косата.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    себореја

    Маска од квасец

    Измешајте две лажици квасец со шест лажици вода и оставете го да отстои половина час, а потоа истријте го во скалпот. По половина час исплакнете ја косата. Користете ја маската еднаш неделно.

    Мелем од зелена глина и “коњско опавче”

    Истурете 7 лажици сушенo “коњско опавче” во 1 литар вода , и варете го на умерен оган додека не испари половина од течноста. Потоа додадете зелена глина, така што ќе добиете густа маса. Нанесете го мелемот на кожата и оставете го 15 минути да се исуши. Исплакнете со млака вода или остатокот од чајот од конско опавче.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber. 

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img