Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

15.8 C
Skopje
Saturday, October 1, 2022

More
    домаАгро ВестиАфриканската свинска чума доведува до коронавирус?

    Африканската свинска чума доведува до коронавирус?

    По избувнувањето на Африканската свинска чума во Кина, голем број свињи беа убиени. Снабдувањето со свинско месо на пазарот беше ниско, а цените превисоки. Луѓето се свртеа кон други видови месо.

    Најновата научна студија, насловена „Како пандемијата води до друга”, сугерира дека вирусот Ковид-19 се појавил по избивањето на африканската свинска чума во Кина. 

    Во студијата , која допрва треба да се разгледа, тим истражувачи од Кина и Велика Британија посочуваат дека пренесувањето на вирусот од еден вид домаќин на друг, бара усогласување и на молекуларните и на факторите на животната средина. Широко истражување засега покажува како лилјакот е животно од кое е пренесено на луѓето. Но, прашањето е – зошто токму тогаш? Во тој дел од светот лилјаците живееле и порано, но биле и дел од менито. 

    „ Големо нарушување во контактот меѓу човекот и животното се случи во 2019 година. Поврзано со пандемијата на африканската свинска чума која се уште трае “, објаснуваат научниците. Потсетуваат дека свинското месо е главен извор на месо во кинеската исхрана 

    Теорија за почеток на пандемијата

    Имено, по избувнувањето на АСК во 2018 година, болеста се шири сè повеќе. Следната година таму беа убиени голем број свињи. Снабдувањето со свинско месо на пазарот беше мало, а цените беа превисоки. Затоа, луѓето се свртеа кон други видови месо и почнаа да го консумираат во поголема мера она што беше понудено. Да потсетиме, недостигот беше толку голем што имаше извештаи дека во руралните делови на Кина оживеа и потрошувачката на  кучешко месо . Но, вообичаено е таму да се јадат змии, стаорци и многу други видови. 

    Невообичаени движења и на диви животни и на месо се одвивале низ целата земја, што ја зголемило можноста за контакт со сарбековирусот (вид коронавирус кој има можност да зарази луѓе, лилјаци и одредени видови цицачи, тврдат авторите на студијата . 

    „ Ако повеќе месо од дивиот свет влезе во синџирот на исхрана на човекот, без разлика дали индивидуа се заразува преку лов или оди на пазар, можноста за контакт и инфекција се зголемува“ , пишува авторот на студијата Дејвид Робертсон , професор по вирусна геномика и биоинформатика на Универзитетот во Глазгов. Ова засега е хипотеза, дел од сложувалката што треба да се разгледа за да се разбере што се случило. 

    ” Како што често се случува во овој вид истражување, тоа може да трае со години. Иако е малку веројатно дека некогаш ќе знаеме што точно се случило – се чини дека САРС-КоВ-2 потекнува од лилјаци или можеби од други животински видови “, заклучи тој.  

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img