Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

13.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024

More
    домаситеАлое и мед: Моќна комбинација за организмот

    Алое и мед: Моќна комбинација за организмот

    petel baner

    Познатиот руски лекар Филатов успешно користеше алое во стимулирање на регенерација на ткивата и клетките. Алое и мед е моќна комбинација за организмот.

    Овој научник утврдил дека растението содржи биогени стимуланси кои го зајакнуваат имунитетот и се препорачуваат за луѓе кои страдале од сериозни болести, кои се изложени на агресивни терапии и за сите што сакаат да ги зајакнат своите одбранбени способности.

    Agrobot

    Алоето е одличен лек за кожата. Се препорачува за изгореници, рани и егзема. Успешно се користи и во третман на ревматоиден артритис, чир на желудник и дуоденален улкус. Има силно антиинфламаторно дејство.

    Растението содржи полисахариди и липиди. Свеж сок од алое содржи антрахинони, кои исто така имаат благо лаксативно дејство.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Рецепт за лек од алое и мед

    За овој рецепт ќе ви требаат: 150 гр свежи листови од алое, 3 лажици дестилиран алкохолен пијалок (по можност добра ракија, иако може да се користи водка или виски), 250 гр природен мед.

    Подготовка: Исчистете ги листовите со тежина од 150 гр со добро навлажнета крпа и оставете ги да стојат во фрижидер 8 дена. Потоа, извадете ги трњето, исечете ги на парчиња и ставете ги во блендер. Додадете 3 лажици силен алкохолен пијалок кој служи за подобра апсорпција на ниво на капиларите кога ќе се консумира и кој игра улога на добар конзерванс. Се меле додека не стане каша, а потоа додадете мед и добро измешајте со лажица. Ако не конзумирате алкохол, користете природен јаболков оцет во иста количина. Чувајте го во темно стаклено шише во фрижидер и пијте една лажица половина час пред јадење, три пати на ден.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Лековита исхрана, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img