Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

6.8 C
Skopje
Thursday, December 1, 2022

More
    домаситеКолку јагоди можете да јадете на ден?

    Колку јагоди можете да јадете на ден?

    Јагодите се многу вкусни и можат да се консумираат во разни комбинации. Но како и се останато, колку јагоди смееме да јадеме на ден?

    Тие се корисни за имунитетот и содржат голем број витамини. Но, многумина не се сигурни колку всушност им е дозволено да јадат на дневна основа.

    Јагодите содржат 60 грама витамин Ц и биоактивната супстанција полифеноли, кои се моќни антиоксиданти. Тие се препорачуваат за деца и возрасни кои страдаат од анемија, а содржат и фолна киселина, витамин Е, провитамин А, витамини од групата Б, како и минерали манган, железо, калциум и магнезиум.

    Иако тие се совршено уживање и освежување во жешките летни денови, неопходно е да се обрне внимание на количината што ја јадеме, особено кога станува збор за помали деца кои можат да бидат алергични на ова овошје.

    Јагодите не се препорачуваат за луѓе кои имаат проблеми со прекумерна тежина. Дури и ако немате здравствени проблеми, неопходно е да обрнете внимание на тоа колку од ова овошје ќе внесете во организмот на дневна основа.

    јагоди

    Потемните овошја се поздрави затоа што имаат поголема концентрација на антоцијанини и имаат поголемо антианемично дејство. Совршена доза е чаша јагоди на ден, а поголеми количини може да предизвикаат проблеми со варењето.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Лековита исхрана, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img