Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

12.8 C
Skopje
Thursday, April 25, 2024

More
    домаситеСок од коприва - помош против анемија

    Сок од коприва – помош против анемија

    petel baner

    Сок од коприва – копривата е тревно растение, кое вирее на хранлива почва. Богато е со лековити супстанции и помага при многу заболувања, но треба да бидете особено внимателни кога го берете.

    Листовите од коприва се долги 3-15 сантиметри, а растението може да порасне до еден метар во висина. Листовите растат едни покрај други и се назабени, затоа е потребно да се биде многу внимателен при берењето. Покрај тоа, листовите и стеблото се обраснати со подолги влакна полни со киселина што ја согорува кожата.

    Како се бере коприва?

    Копривите се собираат во пролет и есен. Најлековити се младите листови, кои најчесто се користат за правење сок, сирупи, тинктури и масла од коприва.

    Расте најчесто во низините, а најмногу се наоѓа на запуштени места, околу населени места и покрај патишта. Специфично е по тоа што расте во грмушки. Кога берете коприви што ќе ги користите во исхраната, задолжително одберете ги на места далеку од патишта и нечистотија.

    Лековити својства на сокот од коприва

    Копривата е лековита во сите нејзини делови – може да се користат стеблото, листовите, коренот и цветот. Природниот сок од коприва е најдобриот лек за чистење и подобрување на крвта.

    Сокот од коприва помага во регулирање на високиот шеќер во крвта. Позитивно влијае на работата на цревата и го подобрува целото варење. Лечи инфекции на уринарниот тракт и се користи како растение за чистење на организмот.

    Пијалоци од коприва како чај од коприва и сок постигнуваат позитивни резултати во:

    • заболување на црниот дроб
    • проблеми со киселина во стомакот
    • нарушувања на спиењето
    • тумор на слезината
    • грчеви во стомакот и надуеност
    • чир на желудник
    • заболување на белите дробови
    • проширување на простатата
    • анемија

    Рецепт за сок од коприва

    Сокот од коприва за анемија е вообичаен природен лек што ќе го добиете како предлог и од вашиот лекар.

    Agrobot

    Потребни состојки:

    • 1 литар прочистена вода
    • 400 грама млади листови од коприва
    • 7 парчиња лимон
    • 800 грама кафеав шеќер или стевија
    • 5 лажици мед
    Сок од коприва

    Подготовка

    Прво, добро измијте ги листовите од коприва. Истурете вода во сад со 5 исечени лимони. Водата, копривите и лимоните оставете ги покриени 24 часа. Следниот ден добро изгмечете ги сите состојки и процедете ги. Исцедете два лимона и додадете ја течноста заедно со шеќер или стевија.

    Ставете ја смесата на оган и оставете да зоврие. Оставете да зоврие 5 минути и промешајте нон стоп.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Отстранете ја пената од површината. Оставете ја смесата да се олади, а потоа додадете го медот непосредно пред да ја истурите течноста во шишињата. Цврсто затворете ги шишињата и чувајте ги на ладно и темно место.

    Домашниот сируп има рок на траење од шест месеци.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Лековита исхрана, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img