Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More

    Коприва

    petel baner

    Коприва дали се уште ја користите во вашата исхрана?

    Копривата е лековито растение богато со хлорофил, има многу минерални материи и тоа калциум, магнезиум, калиум, силициум, железо, фосфор. Од витамините застапени се витамин К, Ц, А Б2 и Б5.

    Otkup na kompiri

    Копривата е здрава храна и уште подобар лек. Од римско време, кога масовно се користела како лек, па до денес, се користи како зачин, како исхрана и како чај за ногу заболувања.

    Најнапред да истакнеме дека копривата е еден од најдобрите лекови против слабокрвност, односно за лекување на анемии. Лековитоста доаѓа од присуството на железо, фолна киселина, витамин Ц и хлорофил.

    Копривата е многу добар лек за спречување на крварења, односно се користи како хемостатик. Ефектот се должи на витаминот К, витаминот Ц и танините. Копривата делува на бубрезите, го стимулира мокрењето и е многу добар лек против зголемена простата. Се користи и против стомачни болки и за подобрување на функцијата на црниот дроб. Гликокининот го намалува шеќерот во крвта, па копривата е убаво да ја користат дијабетичарите. Копривата ги намалува и мастите во крвта, а делува и како антисклеротик.

    Чајот од коприва се употребува за прочистување на организмот. Локално лековите од коприва се користат против опаѓање на косата, против првут и за лекување на ревматски заболувања. артирит, артроза и ишијас.

    Коприва и нејзините придобивки за организмот.

    agrounik

    Преку подобрувањето на крвната слика копривата ја намалува главоболката која е последица на анемија. Помага при ангина пекторис, која се јавува, исто така, како последица на анемијата. Не само што го јакне организмот, го јакне и срцевиот мускул.

    Копривата е еликсир на животот.  

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Чај од коприва се подготвува така што  супени лажици се ставаат во половина литар врела вода и се остава да отстои два часа. Потоа чајот се пие на два пати. Може да се подготви и со ладна вода кога две супени лажици од листот се ставаат во половина литар вода и треба да стојат 12 часа. Се пие двапати на ден. Коприва можат да користат и возрасни и деца.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img