Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

6.8 C
Skopje
Thursday, April 18, 2024

More
    домаситеЦрн орев - богат со јод

    Црн орев – богат со јод

    petel baner

    Многу луѓе се загрижени за опасностите од изложување на радијација. Во аптеките барале јод кој е неопходен за правилно функционирање на штитната жлезда. Недостатокот на јод често доведува до заболување на тироидната жлезда. Ова е причината зошто јод се додава во кујнската сол. Сепак, внесувањето на јод во организмот не може да се заснова на прекумерно солење на храната. Некои од намирниците кои содржат јод се млечни производи, јајца, сливи. Исто така црн орев, за кој ќе се дискутира во овој напис.

    Црн орев ( Juglans nigra L.) е листопадно дрво високо околу 30 m, со неправилно заоблена круна. Баран и скап е поради квалитетното стебло кое е тешко и отпорно на влага. Се користи во производството на мебел. Маслото се добива од семки од црн орев, од кое се прават бои и сапуни. Стеблото е исправено, со дијаметар до 2 m, со темно кафеава до сиво-црна кора. Младите пупки се светло-кафеави, дебели, покриени со влакна. Тие цветаат од април до јуни. Плодовите се поголеми од обичниот или питом орев ( Juglans regia ) и зреат во октомври.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Јадливото јадро на црн орев е многу помало и не е толку вкусно. Потекнува од североисточниот дел на Северна Америка. Кај нас се одгледува како украсно дрво во паркови. Предноста на неговото садење е што расте побрзо од обичниот орев, кој е позастапен кај нас. Покрај тоа што е суровина, овој орев е уште повреден како лек. Главниот дел од црниот орев кој се користи во медицината е надворешната обвивка, која се бере зелена. Богат е со јод и минерали, а содржи линоленска киселина и витамин Ц во форма на аскорбинска киселина. Надворешниот слој или егзокарп на плодот содржи танини, хинони, југлон и разни други активни материи кои делуваат против паразити, а многу експерти го препорачуваат за безопасно чистење на организмот од паразити.

    Исто така, истражувањата потврдија дека поради големата количина на омега 3 масни киселини помага и при алергии, псоријаза, артритис, остеопороза и висок крвен притисок. Високата содржина на јод во црниот орев го промовира правилното функционирање на тироидната жлезда и делува против бактериите. Листовите од црн орев се користат при подготовка на чај или како облога за кожата.

    Препорачаната дневна доза на јод е 150 mcg дневно за возрасни, додека потребите за јод кај трудниците и доилките се малку повисоки. Недостатокот на јод во телото може да доведе до отекување на тироидната жлезда, познато како гушавост и хипотироидизам, чии симптоми се замор, мускулна слабост и зголемување на телесната тежина.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img