Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

12.8 C
Skopje
Tuesday, October 4, 2022

More
    домаАгро ВестиЦените на храна во светот паѓаат петти месец по ред

    Цените на храна во светот паѓаат петти месец по ред

    Глобалниот индекс на цените на храната на Агенцијата на ОН за храна во август падна петти месец по ред.

    Цените паѓаат бидејќи континуираниот извоз на жито од украинските пристаништа придонесе за подобри изгледи за снабдување.

    Организацијата за храна и земјоделство (ФАО) соопшти дека нејзиниот индекс на цени, кој ги следи најтргуваните прехранбени производи во светот, во просек изнесувал 138 поени минатиот месец, во однос на ревидираните 140,7 за јули.

    Индексот падна од рекордните 159,7 во март, забележани по руската инвазија на Украина.

    Индексот на цените на житариците на ФАО во август падна за 1,4 отсто на месечна основа. Украинските пристаништа на Црното Море се повторно отворени согласно дипломатски договор. При што изгледите за жетвата на пченицата во Северна Америка и Русија се поволни, објави агенцијата.

    Но, индексот на цените на пченката се зголеми за 1,5 отсто минатиот месец. Бидејќи топлото и суво време ги намали изгледите за производство во Европа и САД.

    Цените на растителното масло, шеќерот, млечните производи и месото паднаа, делумно и поради зголемените залихи.

    Во посебна проценка на понудата и побарувачката на житарици, ФАО ја намали својата прогноза за глобалното производство на житарици во 2022 година од 2,792 милијарди тони на 2,774 милијарди тони.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img