Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

0.8 C
Skopje
Tuesday, November 29, 2022

More
    домаАгро ВестиТурција го понуди својот капацитет за складирање на руско жито

    Турција го понуди својот капацитет за складирање на руско жито

    Русија може да ги користи турските складишта како центри за складирање на руско жито. Таквото решение би било корисно за двете страни.

    – Москва планира Турција да ја претвори во „житен центар“. Планирано е сите производи да се складираат во Турција и да се дистрибуираат од тука. Ова ќе биде одлична можност за нашата земја – вели Улусој.

    Тој истакна дека Турција, со 8,5 милиони тони лиценциран капацитет за складирање, има доволно инфраструктура за такви задачи.

    – Дополнително, кога Турција ќе стане центар, ќе се намалат и транспортните цени. Ќе се направи важен чекор и во однос на понудата и во однос на цената – додаде Улусој.

    Сепак, идејата Турција да се претвори во центар за руско жито нема предуслови.

    – Ова нема да им донесе ништо на руските извозници освен дополнителни трошоци и директни загуби – коментира за РИА Новости Едуард Зернин, претседател на одборот на директори на Руската унија на извозници на жито.

    Турција не е единствената земја која на Русија и нуди реализација на ваков проект

    – Сите големи земји увозници се заинтересирани да истоварат руско жито на своја територија „за складирање“, односно без плаќање. Ова може да ги загрози нашите извозници не само со дополнителни трошоци за претовар на транзитните пристаништа, туку и со губење на пратките на жито под различни изговори. За жал, веќе сме се сретнале со слични проблеми и порано – смета Зернин и додава:

    – Што се однесува до Турција, оваа сезона бележиме пад на нејзината откупна активност во однос на руската пченица за речиси 20 проценти во однос на минатата година. Во исто време имаме нетипично заострување на фитосанитарните барања. Има проблеми со снабдувањето со руско брашно, има проблеми со исплатата на земјоделските производи. За причините за ваквиот тренд може само да се шпекулира. Едно е сигурно – влошувањето на трговските услови никогаш не било движечка сила за реализација на големи проекти – заклучи претседателот на Унијата на извозници на жито на Русија.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.

    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img