Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

11.8 C
Skopje
Wednesday, December 7, 2022

More
    домаАгро ВестиУтврдени лажни фактури во увозот на пелети, ќе има ли казни?

    Утврдени лажни фактури во увозот на пелети, ќе има ли казни?

    Министерството за економија утврдило дека се доставуваат лажни фактури во делот на увозот на пелети. Затоа, трговците на мало и на големо со пелети се жалат на цената која е замрзната.

    Според минстерот Бектеши, цената на пелети не ја утврдува Министерството за економија, а лажните фактури се кривично дело за кое треба да следуваат санкции и надлежните институции мора да постапат соодветно.

    -Цената на пелетите не ја утврдува Министерството за економија. Тоа доаѓа како предлог од „Македонски шуми” и од страна на цените од Царинската управа. Цената пријавена во Царинската управа е 24 денари за килограм. Ако тие доставиле лажни фактури и направиле договори со производителите во странство. Ги повикувам УЈП и Секторот за надзор во Царинската управа веднаш да постапат и да ги контролираат и да бидат санкционирани. Ако кај нас се доставуваат 24 денари, а тие не можат да продаваат со 27 денари. Тогаш тие фактури кои се пријавуваат во Царинската управа, јас како министер одговорно кажувам дека се лажни. И тоа е кривично дело по кое треба да постапуваат надлежните органи. Ова го стакна Бектеши по средбата со производителите и со претставниците на најголемите ланци маркети.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img