Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

4.8 C
Skopje
Saturday, February 4, 2023

More
    домаситеВоден Кефир е моќен пијалок кој содржи антиоксиданси, витамини, минерали, ензими и...

    Воден Кефир е моќен пијалок кој содржи антиоксиданси, витамини, минерали, ензими и пробиотици

    Може да се подготви воден кефир кој покажува низа позитивни ефекти врз човекот, а подготовката е многу едноставна.

    Тој е одлична замена за сок и е погоден за сите кои не сакаат или не можат да консумираат млечен кефир. Многу имиња како тибикос, тиби, воден кефир, шеќерен кефир, јапонски кристали или бисерни солзи го придружуваат овој пробиотик кој се создава со ферментација на зрната тибикос кефир. Бактериите од кефирското зрно, од кои некои се пробиотици, произведуваат антигабични материи, а покрај тоа, водениот кефир е поврзан со здравјето на усната шуплина и дигестивниот систем.

    Како да направите воден кефир

    Правењето пробиотски пијалок со воден кефир е едноставно и забавно. Можете да си играте со разни адитиви како суво овошје, ѓумбир или цитрус…

    За основниот рецепт потребни ви се кристали од тибикос, филтрирана вода и кафеав шеќер.

    Потребни додатоци:

    • чисто стаклено шише од 2l со широк отвор
    • пластично сито
    • дрвена или пластична вангла

    Сè што е метално треба да се избегнува бидејќи зрната кефир не реагираат добро со металот. Користете пластичен или дрвен прибор.

    Основен рецепт: за стаклено шише од 2 литри

    • 6 лажици Tibicos кристали
    • 6 лажици кафеав шеќер
    • суво грозје или друго сушено овошје по избор
    • 1 лимон или портокал, исечен на четвртини
    • филтрирана вода

    Подготовка:

    Во чисто стаклено шише ставете вода, шеќер, зрна кефир и суво овошје по желба. Промешајте и покријте со чинија. Не чувајте на директна сончева светлина, туку на собна температура во кујната. Ферментацијата трае по желба, 24, 48 или 72 часа.

    Колку подолго се ферментира, толку кефирот станува посилен – посилен по вкус и погазиран. 24-часовниот кефир делува како лаксатив, а 48-часовниот кефир ги стабилизира цревните функции. Кога ќе помине посакуваното време на ферментација, процедете ја течноста низ сито, извадете го овошјето и добро и внимателно исплакнете ги зрната под млаз вода. Течноста што сте ја исцедиле е воден кефир и можете да ја чувате во фрижидер до 5 дена.

    Со преостанатите зрна можете повторно да го започнете циклусот. Кристалите ќе се зголемуваат во волумен со секој циклус. Колку повеќе шеќер има, толку е поголем волуменот на зрната.

    Сите позитивни ефекти на водениот Кефир

    – Ги лекува желудникот и цревата, воспоставува редовно варење и ги чисти цревата 

    – помага при болести на бубрезите

     го отстранува вишокот вода од телото

    –  помага за отстранување на лошите бактерии од телото и успешно ги отстранува габите, особено  кандида албиканс.

     Отстранува симптоми на стрес како опаѓање на косата, мрсна или претерано сува кожа, испукани нокти

    – помага при формирање на црвени крвни зрнца, па затоа е погоден за разни форми на анемија и обилно крварење


    Чување на воден кефир:  Доколку сакате да паузирате, зрната можете да ги ставите во стаклено шише со малку вода и малку шеќер и да ги чувате во фрижидер до 5 дена. За подолга пауза, мора да ги дехидрирате или замрзнете зрната кефир.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img