Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

13.8 C
Skopje
Thursday, May 16, 2024

More
    домаАгро ЗабаваКако да препознаете дали маслиновото масло е квалитетно?

    Како да препознаете дали маслиновото масло е квалитетно?

    petel baner

    За да бидете сигурни дека маслиновото масло што го купувате е навистина чисто и квалитетно треба да знаете две работи кои се карактеристични за вистинското маслиново масло.

    Ако често се двоумите за тоа кое маслиново масло да го купите и како да знаете дали е тоа за кое ќе се одлучите квалитетно и чисто, лесно можете да го препознаете користејќи едноставен трик.

    На повеќето луѓе сите шишиња маслиново масло им изгледаат исто и тие веруваат во она што е напишано на етикетата. Експертот за интегративна исхрана д-р Кортни Свон вели дека купечките марки на тоа масло не се ни близу до истиот квалитет. Дури 75 до 80 проценти од производите на полиците во продавниците немаат никаква врска со тоа што е напишано на нив.

    Agrobot

    „Дури и ако на шишето масло пишува дека е 100 проценти маслиново масло, не мора да е така. Бидејќи производителите и трговците често додаваат масло од соја, масло од канола и сончогледово масло во маслиновото масло за да заштедат“, вели експертот.

    Како да знаете дали чистото маслиново масло е навистина чисто?

    „Карактеристични се две работи. Кога ќе го истурите, треба да има темно зелена боја. А кога ќе го вкусите, да има многу остар вкус“, вели д-р Свон. Иако е сè уште важно на шишето да пишува 100 проценти маслиново масло, не треба да му верувате на секој бренд, додава таа. Па затоа е добро да се направи дополнително истражување пред да се купи.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    „Доброто маслиново масло не само што го подобрува вкусот на храната, туку може и да го подобри здравјето со текот на годините. Бидејќи е полно со здрави масти, антиоксиданти и витамини и е значително помалку преработено од многу други“, заклучува Свон.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img