Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

9.8 C
Skopje
Thursday, April 25, 2024

More
    домаситеПијалок од семки од тиква

    Пијалок од семки од тиква

    petel baner

    Пијалок од семки од тиква – Во кујната има храна која може да ви помогне да го намалите крвниот притисок и да го одржите нормалното ниво на шеќер во крвта.

    Во нашата кујна има намирници кои се ефикасни во борбата против многу здравствени проблеми. Затоа, пред да посегнете по лекови, треба да побарате помош токму во вашата кујна.

    Семките од тиква можат да го зајакнат имунитетот и да му помогнат на телото да се бори против лошиот холестерол. Редовното внесување на семки од тиква може благотворно да влијае на целиот организам. Цинкот содржан во семките помага за подобрување на состојбата на коските, тие се способни да одржат нормално ниво на шеќер во крвта и да помогнат во намалување на крвниот притисок.

    Agrobot

    Овој домашен напиток успешно се бори против лошиот холестерол. Ја подобрува состојбата на коските. Го нормализира нивото на шеќер во крвта. Еве како се прави.

    Состојки :

    • 3-4 лажици семки од тиква
    • 250 ml вода
    • 1 лажица мед

    Подготовка:

    Во блендер ставете семки од тиква и прелијте со вода. Блендирајте додека семките не се претворат во прав и соединете со водата. Истурете во чаша и додадете една лажица мед. Промешајте и пијте.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Забелешка: Консултирајте се со вашиот лекар пред да користите природни лекови.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img