Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

1.8 C
Skopje
Thursday, February 22, 2024

More
    домаАгро ЗабаваЗумбул - цвеќе кое плени со својата убавина и мирис

    Зумбул – цвеќе кое плени со својата убавина и мирис

    Agrobot

    Зумбулот го има во пролетните месеци и најчесто во сино-виолетова боја, а поретко го има и во бела и црвена варијанта. Освен што плени со својата убавина, има неверојатен мирис кој многумина го обожуваат.

    Зумбул – потекнува од Мала Азија, а во Европа е познато уште од XVI век. Се разликуваат два основни видови: римски зумбул (lat. Hyacinthus orientalis albulus) кој има ретко распоредени цветови на стеблото. Има интензивен мирис и може да биде во бела, виолетова или сино-виолетова боја. И холандски зумбул (lat. Hyacinthus orientalis) кој има густо збиени цветови во бела, крем, розова, црвена и виолетова боја.

    Се сади најчесто во градината, во текот на есента. Треба да се насади на длабочина од околу 15 cm. При садењето внимавајте добро да ја притеснете луковицата во земјата за да не остане воздух кој би можел да предизвика скапување. Растојанието меѓу луковиците би требало да биде од 15-20 cm. Посадете ги на сончево место во земја богата со одлежан компост или тресет.

    petel baner

    Кога ќе заврши периодот на цветање и листовите природно ќе овенат (не ги сечете претходно бидејќи луковицата преку нив се храни) најдобро е да ги извадите луковиците и да ги чувате на суво, ладно и мрачно место. Би било најдобро ако сте во можност да ги закопате во сув тресет или песок. Ако луковицата остане закопана во градината нема да смрзне, но следната година цветовите нема да бидат толку богати.

    Постојат и луковици кои се специјално третирани за да може да цветаат и во затворен простор. Се продаваат веќе посадени, но ако купите луковица и сами ја насадите треба врвот да и ѕирка од земјата 1-2 cm.

    Чувајте го растението на светло и по можност ладно место за да се продолжи периодот на цветање. Полевајте го умерено и не дозволувајте земјата потполно да се исуши. За жал ваквите луковици нема повторно да цветаат следната година во домот, па најдобро е да ги посадите во градината во есен.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Кога купувате луковици, внимавајте да се цврсти и да не се згмечени или некако поинаку оштетени.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img