Моќна комбинација од сила, сигурност и удобност
Моќниот трактор LOVOL 1304, од најсовремената IV генерација, дел од понудата на НАЈК ПРОМ ДООЕЛ!
LOVOL 1304 е силен „интелигентен“ трактор со високи перформанси, кој располага со голема моќност за извршување на тешки земјоделски работи. Во однос на конфигурацијата, тракторот LOVOL 1304 е сигурен модел без никакви недостатоци, подготвен да одговори на секоја работна задача и терен кои бараат издржлив трактор со голема моќност.

Мотор со PERKINS технологија и Power Shuttle менувач
Овој модел поседува ефикасен 6-цилиндричен дизел мотор со PERKINS технологија со турбо-интеркулер систем и директно вбризгување за стабилна работа на моторот, обезбедува максимална сигурност и професионална обработка на сите работни површини.
Синхронизираниот шатл менувач (Power Shuttle) со голем број на брзини 16+8, овозможува лесно менување и комфор во извршувањето на сите операции во различни работни услови.

Интегриран CHCNAV GPS систем за прецизна работа
LOVOL 1304 е современа земјоделска машина која располага со интелигентна опрема, интегриран CHCNAV GPS систем за автоматизирано и високопрецизно управување при земјоделските активности. Овој систем го намалува заморот на операторот и ја подобрува ефикасноста со точност на ниво на центиметар, интегрирајќи хидраулично-електрично управување за работа без раце при извршување работни операции како садење, прскање, орање и слично.

Кабина од IV генерација
Тракторот располага со најнова IV генерација на кабина со удобен работен простор и ергономски дизајн, херметички затворена со филтрирање на влезниот воздух, звучно изолирана, со парно и клима, со тапацирана внатрешност, панорамски стакла без мртов агол, рамен под, шибер, ролетна, брисачи, Grammer воздушно и удобно седиште, помошно седиште за совозач.

Тракторот LOVOL 1304 е со 3 години гаранција и целосна поддршка во и вон гарантен рок во нашиот високо опремен овластен сервис за сите застапувани брендови.
Спецификација за Трактор LOVOL 1304
- ✓Моќност на мотор, 130 коњски сили (95,6kW)
- ✓Број на цилиндри, 6 цилиндри
- ✓Електронски контролиран погон на сите 4 тркала / 4WD
- ✓Хидрауличен волан со прилагодлива висина
- ✓Синхронизиран шатл менувач (Power Shuttle) / Брзини, 16 напред + 8 назад
- ✓Гуми радијални, предни 380/85R26, задни 460/85R38
- ✓Моноблок двосмерна хидраулика со 6 хидраулични излези (3 сета)
- ✓Кардан со две брзини, 540/1000 вртежи во минута
- ✓Тегови напред 10x44kg и назад 4x120kg
- ✓Компресор, приклучоци за воздух, 2 влечни куки, сет алат
- ✓Grammer воздушно седиште
- ✓Интегриран CHCNAV GPS систем за навигација и хидраулично-електрично управување
- ✓Кабина, најнова IV генерација херметички затворена со филтрирање на влезниот воздух, клима и парно, тапацирана, рамен под, помошно седиште, шибер, ролетна, радио со USB, брисачи и друго.

📘 Објава на Facebook групата, LOVOL Macedonia: погледнете ја објавата
LOVOL и НАЈК ПРОМ
LOVOL заедно со НАЈК ПРОМ, како генерален и единствен увозник во нашата држава, полека но сигурно го освојуваат македонскиот пазар со квалитет, перформанси и дизајн!
Во продажните места на НАЈК ПРОМ достапни на залиха и секаков вид на земјоделска приклучна механизација и машини од најквалитетните брендови за сите потреби на земјоделците.
Нудиме можност за плаќање до 60 рати преку банка со најповолни услови, исто така нудиме професионални консултации, изготвување понуди и помош при аплицирање за сите тековни програми и поддршки за земјоделците.
e-mail: najkprom@live.com
НАЈК ПРОМ ДООЕЛ е компанија која успешно работи 20 години на нашиот пазар и професионално се занимава со трговија на големо и мало со продажба на трактори, земјоделска механизација, градежна механизација, мотоцикли, четирицикли и друго.
Поседуваме високо опремени и квалификувани сервиси во Струмица и Битола со кои вршиме овластено сервисирање на сите брендови во и вон гарантен рок, редовни сервиси, целосна подршка на терен со голем возен парк и квалификуван кадар да одговори на сите потреби во најкраток можен рок.
Главна цел на тимот во НАЈК ПРОМ е давање на квалитетни производи и услуги кои одговараат на сите нормативни барања со што секогаш се грижиме за долготрајна и квалитетна соработка со нашите ценети клиенти.
Промотивна содржина во соработка со НАЈК ПРОМ ДООЕЛ.




















