Магнезиумот уште се нарекува минерал на животот бидејќи му е потребен на телото за да функционира нормално. Клучен е за работата на мускулите и нервниот систем.
За да го зголемите внесот на магнезиум, треба почесто да ги јадете овие намирници.
Бадеми
Во 30 г бадеми има 105 мг магнезиум. Исто така се богати со витамин Е, антиоксидант кој го одржува имунитетот и го чува здравјето на очите. Богати се со протеини кои ве држат сити, омега 3 масни киселини кои се добри за срцето.
Семки од сончоглед
Во 30 г семки од сончоглед има 128 мг магнезиум. Тие се одличен извор на калциум и масти кои го намалуваат лошиот холестерол во крвта.
Банани
Една банана содржи 22 мг магнезиум. Бананите го забрзуваат метаболизмот, ве прават сити. Во нив има и калиум, електролит кој го намалува крвниот притисок.
Индиски ореви
Во 30 г индиски ореви има 89 мг магнезиум. Овие јаткасти плодови се исклучително вкусни и добар извор на фолна киселина и витамин К.
Тофу
Во 65 г тофу има 37 мг магнезиум и 43 отсто од дневната потреба за калциум. Пробајте го како замена за пилешко или говедско месо.
Семки од тиква
Во 30 г семки од тиква има 74 мг магнезиум. Семките од тиква се добар извор на влакна, протеини, па одлични се и доколку сакате да ослабете.
Ленено семе
Во една лажица ленено семе има 40 мг магнезиум. Доколку додадете ленено семе во јогурт или житарки имате појадок кој го подобрува здравјето на срцето. Лажица ленено семе содржи повеќе од половина од дневно препорачаниот внес на омега 3 масни киселини, а содржи и влакна и антиоксиданти.
Брокула
Во 65 г брокула има 51 мг магнезиум и повеќе витамин Ц отколку во портокал. Најдобро е ако ја јадете сирова или варена на пареа во комбинација со домати.
Грашок
Во 130 г грашок има 48 мг магнезиум и витамин Ц. Грашокот е одличен извор на калиум и витамин А.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK