Сок од коприва – копривата е тревно растение, кое вирее на хранлива почва. Богато е со лековити супстанции и помага при многу заболувања, но треба да бидете особено внимателни кога го берете.
Листовите од коприва се долги 3-15 сантиметри, а растението може да порасне до еден метар во висина. Листовите растат едни покрај други и се назабени, затоа е потребно да се биде многу внимателен при берењето. Покрај тоа, листовите и стеблото се обраснати со подолги влакна полни со киселина што ја согорува кожата.
Како се бере коприва?
Копривите се собираат во пролет и есен. Најлековити се младите листови, кои најчесто се користат за правење сок, сирупи, тинктури и масла од коприва.
Расте најчесто во низините, а најмногу се наоѓа на запуштени места, околу населени места и покрај патишта. Специфично е по тоа што расте во грмушки. Кога берете коприви што ќе ги користите во исхраната, задолжително одберете ги на места далеку од патишта и нечистотија.
Лековити својства на сокот од коприва
Копривата е лековита во сите нејзини делови – може да се користат стеблото, листовите, коренот и цветот. Природниот сок од коприва е најдобриот лек за чистење и подобрување на крвта.
Сокот од коприва помага во регулирање на високиот шеќер во крвта. Позитивно влијае на работата на цревата и го подобрува целото варење. Лечи инфекции на уринарниот тракт и се користи како растение за чистење на организмот.
Пијалоци од коприва како чај од коприва и сок постигнуваат позитивни резултати во:
- заболување на црниот дроб
- проблеми со киселина во стомакот
- нарушувања на спиењето
- тумор на слезината
- грчеви во стомакот и надуеност
- чир на желудник
- заболување на белите дробови
- проширување на простатата
- анемија
Рецепт за сок од коприва
Сокот од коприва за анемија е вообичаен природен лек што ќе го добиете како предлог и од вашиот лекар.
Потребни состојки:
- 1 литар прочистена вода
- 400 грама млади листови од коприва
- 7 парчиња лимон
- 800 грама кафеав шеќер или стевија
- 5 лажици мед
Подготовка
Прво, добро измијте ги листовите од коприва. Истурете вода во сад со 5 исечени лимони. Водата, копривите и лимоните оставете ги покриени 24 часа. Следниот ден добро изгмечете ги сите состојки и процедете ги. Исцедете два лимона и додадете ја течноста заедно со шеќер или стевија.
Ставете ја смесата на оган и оставете да зоврие. Оставете да зоврие 5 минути и промешајте нон стоп.
Отстранете ја пената од површината. Оставете ја смесата да се олади, а потоа додадете го медот непосредно пред да ја истурите течноста во шишињата. Цврсто затворете ги шишињата и чувајте ги на ладно и темно место.
Домашниот сируп има рок на траење од шест месеци.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Лековита исхрана, како и нашите групи на Facebook и Viber.