Едно од најзастапените варива на овие простори за кое не треба многу да се зборува, но дали сте знаеле со што се е богато ова растение? Белковини, аминокиселини, јаглехидрати , протеини и големо количество калиум. Во оваа рубрика сепак зборуваме и за останатите начини на кои може да се користи освен само за јадење. Еве неколку:
Чај против шеќерни болести
Се прави мешавина од 60 гр. мешуни од грав и 40 гр. лист од боровинка. 2лажици од мешавината се вари во 3 шољи вода додека количината на течноста не испари до 2 шољи.Процедениот чај се пие два пати дневно по една шоља чај.
Мелем против главоболка
Во 1/2 л вода се потопува 100 гр. грав и 2-3 главици исчистен лук. Се вари се додека не се добие маса која изгмечена наликува на тесто.На оваа маса се додава маслиново масло и малку лимонов сок. Со оваа маса се мачкаат слепоочниците.
За крај, бидејќи е петок и кога е гравот во прашање, ќе ги искористиме зборовите на еден мудрец од нашиот крај, кој би рекол:
ПЕТОК Е, НЕКА ГРМИ !