Ги повикуваме сите, да не ги фрлаат семките во ѓубре, туку да ги измијат, да ги исушат (на сонце), а потоа во хартиена кеса да се чуваат во автомобилот. На секој излет по руралните места или возење со автомобил во напуштени места, фрлајте ги семките. Со оваа едноставна акција, можеме да придонесеме за ново дрво во секое место, нашата мисија за озеленување на овој свет ќе биде исполнета, порачуваат екологистите што си ја сакаат Македонија.Тие потсетуваат дека ваква практика промовира Тајландската влада кај нејзините граѓани и истата дала резултати:– Неколку региони водеа интензивна кампања со голем успех. Бројот на овошни дрвја во природата се зголеми, особено во регионите на Северен Тајланд. Малезијците се приклучуваат во оваа голема иницијатива за ширење изобилство во природата и на овој едноставен и ефикасен начин да придонесеме за генерациите што доаѓаат. Ве молиме помогнете да ја проследиме оваа порака за да циркулира и рашири, благодариме, порачуваат „За почиста и поубава Македонија“.