Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаситеМанука мед - најценетиот природен лек во светот

    Манука мед – најценетиот природен лек во светот

    petel baner

    Манука мед е еден од најпознатите и најценетите видови на мед во светот, што се произведува во Нов Зеланд и Австралија.

    манука мед
    Манука мед

    Станува збор за монофлорален мед, кој пчелите го произведуваат собирајќи нектар од дрвото манука, по што го добило и своето име. Овој мед е познат по своите антибактериски својства, кои се повисоки во споредба со другите видови на мед.

    Otkup na kompiri

    Поради својата специфичност, годишното производство на овој мед е мало и изнесува околу 2.000 килограми. Сепак, се проценува дека многу поголема количина се продава годишно во светот под оваа марка, односно дека има фалсификати.

    agrounik

    Од таа причина, медот е спакуван во специјално пакување со етикети за квалитет за да можат потрошувачите да бидат сигурни дека купиле манука мед. Грешка може скапо да го чини купувачот, бидејќи килограм овој мед чини неколку стотици евра.

    За да може медот да се смета за монофлорен, тој мора да содржи 70% од поленот на растението чие име го носи.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Треба да се истакне дека и кај нас се произведуваат различни видови квалитетен и светски познат мед. Сепак, нивните лековити својства не се доволно истражени, но не се инвестира толку многу во маркетингот, како кога станува збор за медот од манука.

    Така, на пример, многу видови на мед кои се произведуваат кај нас, многу често содржи повеќе од 70% од поленот на растението од кое е направен.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Лековита исхрана, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img