Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

14.8 C
Skopje
Saturday, April 20, 2024

More
    домаАгро ВестиЕУ повторно ќе дозволи користење на коскено брашно

    ЕУ повторно ќе дозволи користење на коскено брашно

    petel baner

    Европската унија наскоро ќе даде дозвола да се користи коскено брашно кај свињи и живина. Гласањето од земјите-членки на ЕУ е закажано за април, кога се очекува одобрување.

    Поминаа дваесет години од наредбата за забрана на употреба на животински протеини во добиточна храна (коскено брашно). Причината за ваквата одлука е појавата на болеста, попозната како кравјо лудило. Болест која првпат се појави во Велика Британија во 1985 година и е слична на енцефалопатија кај овците. 

    Сепак, оваа форма на хранење може да се врати во фармите за свињи и живина, пишува aiz.info . Имено, оваа иницијатива беше иницирана од Ерик Тевенард од Комитетот за животна средина, јавно здравје и безбедност на храна на Европскиот парламент. Гласањето на земјите-членки на ЕУ е закажано за април, кога се очекува одобрување.

    Agrobot

    „ Апсолутната забрана за месно-коскено брашно во ЕУ треба да се ублажи“, објасни Тевенард пред пратениците, објаснувајќи дека последниот случај на болест е пред многу години, а Европската агенција за храна (ЕФСА) одамна даде зелено светло за хранење насвињи и живина со животинско брашно. 

    Покрај тоа, животинските протеини треба поинтензивно да се користат како дел од целната кружна економија “, додаде тој. 

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Во ЕУ, годишно се користат околу 800.000 тони месо и коскено брашно, главно за храна за домашни миленици и храна за риби. Покрај тоа, 500.000 т се извезуваат во трети земји, каде што е дозволено ваква исхрана за свињи и живина. Со олеснување на забраната, компаниите за преработка, можат да станат поконкурентни и Унијата може да ја намали зависноста од увоз на сточна храна. 

    Кравјото лудило избувна во 90-тите години на минатиот век, кога беа убиени над милион грла говеда. Се појави спорадично во последната деценија во САД, Словенија и Шкотска. 

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img