Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

10.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024

More
    домаАгро ВестиНад 33 милијарди тони шумска биомаса во опасност

    Над 33 милијарди тони шумска биомаса во опасност

    petel baner

    Повеќе од 33 милијарди тони шумска биомаса загрозена од климатските промени. Загубите поради ветрот се зголемија за 40 проценти, пожарите за 34 и штетниците за 26 проценти.

    Климатските промени ги направија европските шуми ранливи на опасности како што се пожар, штетници, ветер или комбинација од сите три. Имено, тие покриваат 33 проценти од површината на Европа и се дом на многу екосистеми и голем дел од европскиот биодиверзитет.

    Според новата студија на “Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија”, над 60 проценти шумска биомаса, или 33 милијарди тони , се изложени на овие ризици. Ова ја доведува во прашање нивната идна улога кога станува збор за снабдување со дрво или апсорпција на јаглерод.

    Една студија наречена „Емгергентна (новонастаната) ранливост на климатските нарушувања во европските шуми“ докажува дека загубите поради изложеност на ветер се зголемени за 40 проценти, пожарите за 34 проценти, а штетниците за 26 проценти. За да ги добијат резултатите, научниците примениле модели базирани на собирање и анализа на сателитски податоци од 1979 до 2018 година.

    За целите на студијата,  ранливоста се дефинира како дел од биомасата што е потенцијално изгубена кога овој тип на екосистем е под влијание на природни нарушувања. Тоа покажува дека структурните, физиолошките и механичките својства во голема мера ја контролираат нивната ранливост од пожари, оштетување на инсекти и ветер.

    Поголема густина – помалку закана?

    Понатаму, тие открија дека заканата од штетници се зголемува особено во набљудуваниот период, особено во северните шуми во делови на Скандинавија и северноевропскиот дел на Русија, каде што затоплувањето се зголемува. Овие региони забележаа зголемување на оштетувањето од инсекти од околу 2 проценти на секои десет години. Интересно е што шумите со поголема густина се помалку загрозени, додека оние со поголема содржина на биомаса, кои обично се карактеризираат со постари и повисоки дрвја, се повеќе склони кон нивно оштетување. Сушата и повисоките температури, исто така, предизвикуваат помала отпорност на растенијата на напади од штетници, но во исто време тие можат да дејствуваат на зголемување на нивната популација.

    Agrobot

    Зголемената биомаса, густината и староста на дрвјата фаворизираат пожари , а ситуацијата, се разбира, може дополнително да се влоши со недостаток на влага и високи температури. Краевите со ниска просторна хомогеност и поголеми врнежи од дожд покажуваат помала ранливост како резултат на поголема отпорност и послабо ширење на огнените стихии.

    Се чини дека постудените клими се поподложни на оштетувања од ветровите, а студијата наведува дека ова се должи на посиромашкото вкоренување и релативно малата отпорност на дрвјата на кршење. Затоа, краевите со мала хомогеност и поблаги врнежи од дожд се помалку чувствителни на ветер и обично имаат корен кој расте подобро во длабочина.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Квантифицирањето на ефектите од природните нарушувања врз отпорноста и продуктивноста на шумите во голем обем е голем предизвик.

    Ефектите од климатските промени се дополнителен притисок кога станува збор за овие системи. Како дел од Европскиот зелен план , Европската комисија започна јавна консултација за развој на нова стратегија за шумарство во ЕУ и планира да ја усвои подоцна оваа година.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img