домаАгро ЗабаваЗдравец – исклучителна билка со широка примена

Здравец – исклучителна билка со широка примена

Здравец – самото име на оваа билка укажува дека таа поседува извонредни исцелителни својства.

halk bank baner horizontalen ovcar

Како самоникната билка може да порасне насекаде, а обично ја има во шумските региони, иако исто така може да се одгледува и во градина.

Цвета од април до јуни, а во тој период исто така се берат надземните делови за сушење и чување за надополнување на домашната аптека.

Семенарна хоризонтален банер

Здравецот содржи танин, пектин, холин и етерични масла со нагласен мирис. Оваа билка е лековита во целост, но највеќе коренот, кој содржи најголема концентрација на танин и други активни состојки.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Коренот се отстранува во пролет и есен, традиционално се користи за лекување на кожни заболувања – исекотини, изгореници, егзема. Тој е ефикасен за миење на воспалена слузница на усната шуплина, како и за отстранување на мирисот од устата.

Чајот од цветовите, лисјата и стеблото ја подобрува функцијата на бубрезите, и го зајакнува имунитетот, ги намалува симптомите на исцрпеност. Исто така ублажува несоницата, ја намалува анксиозноста, менструални проблеми, и симптомите на менопауза.

ferticrop baner

Во комбинација со други лековити растенија на сличен ефект има многу корисен ефект над женските репродуктивни органи.

Народните лекари веруваат дека ја стимулира плодноста кај жените. А во некои случаи се користи и како природен лек за третман на женска неплодност. Помешано со мацина трава (кај народот е позната и како очајница), се користи и за лекување не само на женскиот, но и на машкиот стерилитет.

Миризливото етерично масло од здравец ја чисти кожата, и е многу застапено во козметиката. Во исто време, дава совршен спој со маслата од јасмин, лаванда и бергамот.

Еве неколку  добри причини зашто да одгледувате здравец во вашиот дом:

–  Мирисот на цвеќето го подобрува расположението.

–  Здравецот помага и во љубовта, па затоа се препорачува на саканата личност да ѝ подарите цвет од здравец. Таа сигурно ќе ви возврати со насмевка.

Pneumatik baner

–  Листовите од здравец во својот состав содржат есенцијално масло, за да се уверите во тоа доволно е листот да го истриете со прстите. Маслото се истакнува особено на сонце в лето. На овој начин растението се штити од прегревање. Постои мислење дека ако здравец е на улица, тогаш во топло суво време на зајдисонце лесно е да се забележи сјај над него. Етеричните масла кои активно се лачат го прават растението да добие дополнителна убавина.

– Листовите од здравец можат да ги одвратат молците, мувите и другите инсекти, па можете да го чувате дури и во вазна.

petel baner

–  Здравецот можете да го користите за лекување на главоболки и настинки. Ова растение го прочистува воздухот, ги убива штетните бактерии. За да се чувствувате добро, доволно е да седите покрај растението 10 минути дневно. Можете да користите масло од здравец за прочистување на воздухот, само 3 до 4 капки масло во ароматичната ламба ќе бидат доволни.

–  Маслото од здравец дава пријатно чувство и буди романтична атмосфера. Можете да ставите 5 капки масло од здравец во ароматична ламба за време на романтична вечера.

За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

tigar.mk baner
spot_img
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img