Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

11.8 C
Skopje
Wednesday, December 7, 2022

More
    домаАгро ЗабаваКакао - вкусен напиток, но и лек

    Какао – вкусен напиток, но и лек

    Суровото какао има горчлив вкус, но е богато со антиоксиданти, влакна, магнезиум, бакар, фосфор, железо и цинк.

    Какаото го штити организмот од слободни радикали, ги намалува стресот и депресијата и штити од болести на срцето и на крвните садови.

    Редовното консумирање на какао ја зголемува отпорноста на кожата на штетно ултравиолетово зрачење. На овој начин се одложува појавата на иритација и црвенило, брчки и пигментација.

    Исто така, стимулирана е и микроциркулацијата, која обезбедува подобро снабдување со хранливи материи и кислород. Ја зголемува густината на дермата – средниот слој на кожата која дава еластичност и напнатост. Хидратацијата се зголемува и спречува губење на вода. 

    Какаото го стимулира мозокот да создава ендорфин, што доведува до релаксација, елиминација на стресот и болката. Ја стимулира секрецијата на допамин и серотонин што го зголемува нивото на расположението. Ова, луѓето што се склони кон депресија го надополнуваат со огромна количина на чоколадо.

    Во секој случај, какаото е извор на менталното здравје и добро расположение, и за разлика од синтетичките лекови, не постојат несакани ефекти.

    Дневниот внес на шоља какао го спречува згрутчувањето на крвта. Односно тромбот, кои, ако стигнат до срцето или мозокот, може да предизвикаат инфаркт или мозочен удар.

    Исто така, докажано е дека дневната потрошувачка од 22 грама какао во прав значително го намалува таложењето на лошиот холестерол на ѕидовите на крвните садови. Затоа, какао во прав треба да се консумира без грижа на совеста.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img