Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро советиНа кои начини можете да складирате рен за зимница?

    На кои начини можете да складирате рен за зимница?

    petel baner

    Рен – екстра здрава храна и многу важен борец против грип и настинка. Затоа е важно да го зачувате и да го користите цела зима. Ви носиме рецепт и упатства како да го замрзнете коренот на ова растение.

    Проблемот со рен обично е што за многу луѓе е прејак, па затоа го избегнуваат. Едно од решенијата (што самите го пробавме) е да го изрендаме, да го исцедиме, да го измиеме во една или две шолји вода, па повторно да го исцедиме. Го мешаме ренот со домашна павлака и го јадеме како салата.

    agrounik
    Otkup na kompiri

    Ова е уште една верзија на „послаб“ рен. 
    Потребно е: 130 гр корен од рен и 150 мл јаболков оцет. (Секако дека можете да ги удвоите состојките).

    Ренот изрендајте го (рачно или во сечкач за храна или блендер) и ставете го во тегла. Истурете јаболков оцет и чувајте го во фрижидер до 12 месеци. Користете како салата.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Замрзнување

    Постојат неколку начини за чување на рен за зимница, а еден од начините е да го замрзнете. Препорачливо е да користите вакуумски апарат, кој ќе го извлече воздухот и ќе помогне да се задржат здравите масла по кои е познато.

    Корените од рен исчистете ги и исечкајте ги на парчиња, ставете ги во кесички и затворете ги со помош на вакуум. Да се ​​чува во замрзнувач.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img