Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро ЗабаваЈадете кисела зелка, го зајакнува имунитетот и го зголемува либидото

    Јадете кисела зелка, го зајакнува имунитетот и го зголемува либидото

    petel baner

    Кисела зелка е супер храна, содржи големо количество на витамин Ц, одличена е за имунитет и варење, а позитивно влијае и на стресот.

    Сезоната на кисела зелка е во полн ек. За многумина таа е омилен деликатес, а треба да биде за повеќето, зашто претставува вистинска витаминска бомба.

    Зелката е една од ретките, ако не и единствена природна намирница која човекот успеал да ја подобри, односно да ѝ ги зголеми нутритивните својства преку процесот на киселење. Богатството од калиум, железо, магнезиум, сулфур и бакар, ја прави киселата зелка многу корисна за нашето здравје.

    Otkup na kompiri

    Зелката преку процесот на киселење (ферментација) создава исклучително активен кобаламин (витаминот Б12). Кој инаку исклучиво може да се најде во намирниците од животинско потекло. Поради оваа причина киселата зелка е неизоставна намирница за вегетаријанците.

    Повеќегодишните истражувања потврдуваат дека киселата зелка содржи големо количество на витамин Ц (во 100 г зелка има 50 мг витамин Ц). Покрај тоа, киселата зелка крие вистинско богатство од пиридоксин (витамин Б6), без кој инаку протеините воопшто не би биле искористени. Исто така, киселата зелка е богат извор на нијацин (витамин Б3), кој е потребен за целосниот метаболизам, енергија и размена на материи во мозокот.

    agrounik

    Одличена е за имунитет и варење, а позитивно влијае и на стресот.

    Расолницата од кисела зелка обично се споменува како одличен лек за мамурлакот по претераното пиење. Таа е добра и за чистење на организмот, па често лекарите велат дека е метла за желудникот и цревата.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Киселата зелка, верувале или не, исто така е на листата на намирници кои предизвикуваат желба да водите љубов. Се верува дека две порции дневно сигурно ќе го зголемат либидото.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img