Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

14.8 C
Skopje
Tuesday, February 27, 2024

More
    домаАгро ЗабаваОдберете го вистинското етерично масло за потполно уживање

    Одберете го вистинското етерично масло за потполно уживање

    Agrobot

    На етеричното масло покрај убавиот мирис му се препишуваат и голем број здравствени придобивки.

    Со употреба на етерично масло се подобрува расположението и когнитивните способности. Се ублажуваат симптомите при инфекција и рефлуксна болест (враќање на содржината од желудникот во хранопровод). 

    Ароматерапијата со етерични масла е исто така корисна и при несоница, проблеми со варењето на храната, инфекција на забите.

    Сè што треба да направите е да ставите неколку капки од маслата во дифузер или ставете од етеричното масло во тенџере со вода, ставете го лицето над него, затворете ги очите и покријте ја главата со крпа и вдишете ја пареата.

    Етеричните масла се среќаваат во голем број растенија, а во прилог ви ги посочуваме најдобрите осум  

    Лимон

    Маслото од лимонот е богато со лимонен, кој помага во намалување на симптомите на рефлуксна болест и растворање на камчињата во организмот. Студиите покажале ефикасност на ароматерапијата со Д-лимонен кај пациенти со напредната фаза на канцер.

    Рузмарин за подобра концентрација

    Маслото од рузмарин делува во подобрувањето на когнитивните способности, како меморија, фокус и концентрација. Корисен е и при настинка, главоболка и проблеми со дигестивниот систем.

    Пеперминт со голем спектар

    Маслото од пеперминт е едно од најдостапните масла кое има широк спектар на дејства. Најчесто се употребува за ублажување на главоболка. Исто така, ова есенцијално масло помага при проблеми со стомакот, намалување на подуеност и гасовите. Пеперминтот е одличен и за аромамасажа.

    Каранфил

    Каранфилот има моќен антибактериски и антивоспалителен ефект. Каранфилот се користи во стоматолошки ординации како анестетик за забите и непцата. Ова масло може да биде иритирачко за кожата, па затоа треба да се разреди во добар сооднос и да се нанесе на мала површина на кожата за да не се добијат несакани ефекти.

    petel baner
    Куркума

    Куркумата е моќен антиоксидант кој се користи за зајакнување на имунитетот, намалување на болката во зглобовите. Куркумата е високоценет зачин во индиската култура. Голем дел од неговата употреба е наменета за намалување на симптомите на воспаление.

    Зрно кафе

    Доколку уживате во мирисот на кафето, тогаш сигурно ќе ви се допадне и ароматерапија со кафе. Екстрактот од кафето го стимулира нервниот систем, будење на телото и подобрување на расположението. Етеричното масло од кафе е добро и како тоник за телото.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    Оригано

    Масло од оригано е познат сојузник против настинки и грип. Маслото има висока концентрација на состојки со моќен анти-бактериски, анти-габични и анти-вирусни својства. Исто така, оригано масло има анти-воспалителни својства и помага при проблеми со варењето на храната. 

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img