Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

20.8 C
Skopje
Wednesday, April 24, 2024

More
    домаАгро ВестиУнгарија може да изгуби половина плантажи со јаболка

    Унгарија може да изгуби половина плантажи со јаболка

    petel baner

    Приближно 10.000 хектари плантажи за одгледување јаболка во Унгарија би можеле да исчезнат во следните пет години. Делумно затоа што не вреди да се продолжи со главно застарените методи на одгледување. Ова го изјави претседателот на „Фрутвеб“ Ференц Апати за унгарското ИнфоРадио.

    Вкупната берба на унгарските јаболка била 280.000 тони. Тоа е значително помалку од 2021 година. Според него, тоа не може да се нарече голема берба, барем не блиску до производниот потенцијал на Унгарија од 600.000-650.000 тони.

    Примарна причина за губење на родот се временските услови, иако во 2022 година јаболката не беа уништени од мраз, туку од претходната суша.

    Agrobot
    Покрај временските услови, причина за намалувањето на реколтата е и тоа што континуирано се намалува унгарската површина за одгледување јаболка во период од пет до осум години. Земјоделците имаат се помалку извори на финансирање.

    Апати смета дека во иднина уште повеќе луѓе ќе се откажат од одгледувањето јаболка. Пред три години површината за одгледување јаболка беше 25.000 хектари, додека лани беше само 22.500 илјади хектари. Годинава нема да биде повеќе од 20.000-21.000 хектари.

    Според него, системот на еко субвенции сè уште одржува во живот многу застарени насади. Тој смета дека не вреди ни да се трошат пари на застарени насади, туку да се фокусираме на подобрувања.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Според Апати, во следните пет години ќе исчезнат 10.000 хектари од сегашните плантажи за одгледување јаболка од околу 21.000 хектари, кои треба што поскоро да бидат заменети со нови, модерни насади.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img