Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

38.8 C
Skopje
Thursday, July 18, 2024

More
    домаАгро советиШто не смеете да им давате на вашите кокошки во текот на...

    Што не смеете да им давате на вашите кокошки во текот на летото

    petel baner

    Топлотните бранови, влажноста, замена на пердувите, се составен дел во летото за повеќето живина. Затоа, правилната исхрана, во овој период од годината е најдобрата подготовка за вашите кокошки да можат здрави да ја дочекаат есента и зимата. Во следните редови можете да прочитате совети за тоа што треба да ги храните вашите кокошки во текот на летото, а што никогаш не треба да им давате.

    Летни оброци за кокошки

    Природна појава е вашите кокошки да јадат помалку житарки во текот на летните месеци. Тоа се должи на различни фактори кои влијаат на тоа. Првенствено, во лето има многу други повкусни работи што кокошките сакаат да ги консумираат, како што се бубачки, трева, разни плевели и црви.

    Исто така, како што е случајот со луѓето, и живината го губи апетитот за време на летните горештини. Поради тоа консумираат помалку зрнеста храна во оброците.

    Храна со висока хранлива вредност

    Поради фактот што кокошките ќе се хранат помалку во текот на топлите летни месеци, од особена важност е храната што ја добиваат да биде високо хранлива. Со тоа се обезбедува живината да ги внесе сите потребни хранливи материи за да може да остане здрава.

    Во овој поглед, пробиотиците за кокошки може да бидат добро решение за одржување на нивното добро здравје. Пробиотиците се содржани во, на пример, јаболков оцет или ферментирани зрна. Јогуртите со живи бактериски култури, како и кефирот се исто така добри извори на природни пробиотици.

    Сепак, треба да се внимава да не се претера со давањето млечни производи на живината. Пожелни се мали количини, додека големи количини може да предизвикаат нарушување во дигестивниот тракт, предизвикано од млечните протеини.

    Дали е неопходно да се даде купена храна за кокошките кои пасат?

    Во обид да заштедат пари, многу одгледувачи на живина се свртуваат кон концептот на природно хранење на кокошки на отворено, наместо да ги хранат со комерцијалните производи. Кокошките можат да напредуваат без никакви додатоци, се додека исхраната се базира на свежи растенија и инсекти.

    Внесувањето на протеини во текот на летните месеци е особено важно, бидејќи во овој период тие се подготвуваат за митарење. Исхраната богата со протеини ќе го забрза процесот на митарење и ќе им помогне на кокошките да израснат нови пердуви. Исто така, калциумот како додаток во исхраната на кокошката ќе обезбеди лушпите од јајцата да останат цврсти и во исто време, нивото на калциум кај кокошката да не опаѓа.

    Затоа, ако одлучите да не користите комерцијална храна во исхраната на кокошките во текот на летото, внимателно следете го нивното здравје. Губењето на тежината, бојата на кожата, состојбата на гребенот и долниот дел на стомакот може да послужат како показатели за тоа дали исхраната на отворено им одговара на кокошките и дали преку неа внесуваат доволно хранливи материи.

    Урамнотежената летна исхрана би вклучувала житарки наутро и навечер, додека кокошките ќе талкаат и пасат слободно повеќето денови.

    Со што не треба да се хранат кокошки во текот на летото

    И додека многу одгледувачи на живина се грижат за тоа како да ги загреат кокошките во текот на зимата, неспоредливо е поважно како живината да се олади во текот на летото, а исхраната игра важна улога во тоа.

    Во текот на летните месеци се претпочита да се избегнуваат зрната од пченка во исхраната на живината. Пченката содржи големи количини јаглехидрати кои ослободуваат топлина. Овој тип на исхрана кај кокошките создава чувство на дополнителна топлина, поради што живината страда.

    Од друга страна, кокошките сакаат да консумираат зеленчук кој го лади телото како лубеница во текот на летото. Потоа и замрзнати билки, замрзнат зеленчук и овошје, како и нане, кое е сосема безбедно во исхраната на кокошките.

    Покрај соодветна храна, задолжително на кокошките да им се обезбеди постојан пристап до свежа вода во текот на летото. Водата во текот на денот треба да биде во сенка за да не се загрева непотребно.

    agrounik

    Намалување на трошоците за храна и одбивање на глодари

    Висечките хранилки поставени на исто ниво со градите на кокошката ќе го намалат истурањето надвор од садот. Освен тоа, ја намалуваат појавата на глодари, како и можноста тие да влезат внатре.

    За да преземете целосни мерки на претпазливост, можете да ја подигнете храната и да ја ставите на безбедно место во текот на ноќта, бидејќи можете да бидете сигурни дека кокошките нема да јадат во текот на ноќта. Кога живината оди во кокошарник, таа не станува пред утринското светло, па ако можете да го отворите кокошарникот во раните утрински часови, нема потреба храната да остане во неа во текот на ноќта.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Исто така, важно е да се избегнува прекумерно хранење на живината во текот на летните месеци. Откако ќе израчунате колку храна дневно консумира живината, направете соодветно прилагодување. Доколку кон крајот на денот забележите остатоци од храна во фидерите, намалете го волуменот на утринскиот оброк. Од друга страна, доколку садовите се испразниле во текот на денот, потребно е да се зголеми следната доза од оброкот.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img