Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

10.8 C
Skopje
Monday, May 6, 2024

More
    домаАгро Вести„Земјата на праските“ остана без праски

    „Земјата на праските“ остана без праски

    petel baner

    Средината на летото е зенитот на сезоната на праските во американската сојузна држава Џорџија. Но, неодамна во една фабрика во Атланта останаа без праски, па тие мораа да се насочат кон пита од јаболка.

    Од каде тоа во земјата го добила прекарот од ова сочно овошје? Имено, „државата на праските“ загуби повеќе од 90 отсто од овогодинешниот род по февруарскиот топлотен бран проследен со два доцни пролетни мразови, наведува Си-Ен-Ен.

    Замислете, на пример, дека Њујорк мора да увезува пецива од Лос Анџелес. Таков проблем е недостигот на праски во Џорџија, држава која многу од патиштата ги именува по ова овошје.

    „Купувањето праски од друга земја не доаѓа предвид“, вели Анри Кумар, директор за операции во продавницата за сладолед „Путер и крем“.

    Нивниот летен главен производ, кремот од праска и шербетот, веројатно ќе го снема пред крајот на месецот. И официјално ги претставија пред потрошувачите на 1 јули.

    Земјоделците, пак, не паметат полоша година за родот.

    – Разговарав со еден постар фармер и тој рече дека последен пат толку лошо било во 1955 година.

    Agrobot

    Покрај финансиската загуба, Ленон мораше да отпушти и многу свои работници.

    Секако, и цената на овошките не остана иста. Сега гајба со праски се зголеми од вообичаените 17 – 20 долари на 40. Додека некои го продаваат своето овошје за 60 долари. Сепак, повеќето земјоделци во Џорџија немаат многу овошни дрвја за продажба.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Тие не знаат што ќе направи климата со оваа овошна култура следната година, но се надеваат дека ова е феномен што се случува еднаш во животот.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img