Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

21.8 C
Skopje
Wednesday, July 24, 2024

More
    домаАгро советиКако да препознаете дали месото е од здраво или болно животно

    Како да препознаете дали месото е од здраво или болно животно

    petel baner

    По колењето, потребно е да се утврди дали месото и внатрешните органи за јадење потекнуваат од здраво или болно животно. Доколку потекнуваат од болни животни, може да предизвикаат труење кај луѓето. Нивната употреба во овој случај е забранета. Бојата е една од главните квалитетни карактеристики на месото.

    Месо кај здрави животни

    Месото на здрави крави е светло црвено, суво, а понекогаш и меко. Биковото месо е темноцрвено, цврсто, грубо, суво и има малку масно ткиво. Воловското има темноцрвена боја, помалку е грубо и прошарано со масно ткиво. Кај свињите, месото е светло црвено, прошарано со масно ткиво. Црниот дроб има мазна, сјајна и црвеникава боја. Цврсто е и еластично под притисок на прстите. Слезината е црвеникава кај биковите и малку заоблена, сиво-црвена кај кравите, повеќе рамна, сиво-кафеава кај телињата и овците, црвена кај свињите веднаш по колењето и станува темноцрвена неколку часа подоцна. Белите дробови се сјајни и мазни, во светло црвена боја. Исечено парче бели дробови лебди во водата. Бубрезите се темноцрвени, сјајни и мазни. Крвта е светло црвена од артериите, а темноцрвена од вените, брзо се згрутчува.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Месо кај болно животно

    Кај болните животни месото е меко, влажно и лигаво. Крвта е со потемна боја. Жолчното кесе е полно со течност (тенија, ехинокок) Слезината е зголемена и обезбојувана (ова секогаш е знак дека животното е болно). Белите дробови се со променлива боја, под притисок се чувствуваат помеки или поцврсти нодули. На бубрезите, можете да видите меурчиња со различни големини, гнојни места. Крвта е бледо црвена, водена или темноцрвена: слабо се згрутчува или воопшто не се згрутчува.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи FacebookViber и Telegram.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img