Откуп на компири – Слога Пром врши откуп на компири за потребите на нашиот погон за производство на компири на парчиња-помфрит.
Доколку имате компири со над 21% суви материи контактирајте не!
Субвенции – 3 денари по килограм.
Контакт: телефон: 071350970, Горан Јованов, e-пошта: [email protected]
Обезбедете сигурен пласман на вашето производство!
Успешната семејна бизнис приказна Слога Пром започна да се развива во 1990 година од Кавадарци каде и денес е лоцирана. Градењето на Слога Пром се потпира на единствената цел – да внесеме на пазарот избор од вкусна, здрава и лесна за подготовка, замрзната храна.
Преку главната дејност – трговија на големо и мало, увоз и дистрибуција на прехранбени производи и со пуштањето во употреба на погонска единица за препакување на замрзнати производи, Слога Пром стана компанија препознатлива во овој сектор по системот за управување со квалитет и новосоздадениот бренд „Слога”.
Почетоците на создавање на компанијата првенствено беа со целосен ангажман на помал број вработени, а со секоја нова инвестиција или зголемување на обемот на работа, пропорционално растеше и нивниот број, за денес да изнесува 120 вработени.
Слога Пром низ годините создаде богато и разновидно портфолио, пред сè исполнето со сето она што е потребно на пазарот, барано од потрошувачите и според нивните желби и потреби. Според различните преференции, нуди пакувани производи под брендот Слога кои вклучуваат риба, пилешко, свинско и говедско месо.
Слога Пром денес претставува модерна компанија на пазарот во Македонија што работи за задоволување на потребите на современиот потрошувач, применувајќи ги најновите знаења и стандарди за пласман на квалитетна, здрава и безбедна замрзната храна.
Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на Вибер, Телеграм, Фејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK