домаАгро ВестиПожар во Светиниколско

Пожар во Светиниколско

Pneumatik baner

Пожар во Светиниколско – Пожарот кај Светиниколско утринава се уште е активен, соопштуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, фронтот на огнот е многу широк, но населените места не се во опасност.

Семенарна хоризонтален банер

На терен работат пожарникари, а како што вели Ангелов во приправност има доволно припадници на Армијата кои се вклучуваат во гаснењето на пожарот на барање на локалните командири.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk

Во текот на денот, на овој пожар Ангелов вели дека ќе делуваат еден армиски хеликоптер „ми-17“, како и трите „ертрактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Пожарот во Светиниколско е активен од вчера попладне и направи огромна штета на имотите на жителите.

Градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев, вчера рече дека пожари има во атарот на селата Орел, Немањици, Малино, Ерџелија, Делисенци и други места.

Во гасењето учестваа пожарникарите од Свети Николе, Велес, Штип, Неготино, Кавадарци, АРМ, хеликоптери и многу доброволци кои несебично цел ден гасеа пожари.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, посочи дека пожарите поради ветрот брзо да се шират, а зафатија околу 12 села, каде што изгореа и многу куќи, дел од нив стари, но и нови.

Според него, при евакуација на жителите, имале проблем со дел од жителите на селото Немањици, Светиниколско, што не сакале да ги напуштат куќите.

За пожарот над Прилеп, од каде синоќа беше последната информација дека гори, од ЦУК велат дека во голем дел е ставен под контрола. Доцна во ноќта, додаваат оттаму, е спасен и манастирот.

Ангелов вели дека утринава, позади сртот на Маркови кули пожарот е поделен во два крака, а од Територијалната противпожарна единица од Прилеп добиле известување дека се прават напори да ги стават под контрола и да ги изгаснат.

Тигар лого гиф

За гаснењето на овој пожар од ЦУК велат дека имало доволен број луѓе на терен и оти нема потреба од воздушна поддршка.

Вчера попладне возрасен маж почина во кумановското село Кокошиње, задушен од чад. Ова, според ЦУК, е првата жртва од пожарите што изминатиот месец ја зафатија државата.

petel baner
Евакуација на жители

Сопругата на починатото лице беше успешно евакуирана.

Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img