домаАгро ВестиОглас за вработување МЗШВ: 12 нови вработувања – плата до 31.600 денари

Оглас за вработување МЗШВ: 12 нови вработувања – плата до 31.600 денари

Prokredit baner

Оглас за вработување МЗШВ – објави јавен оглас за 12 вработувања

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави јавен оглас бр. 01/2026 за вработување на определено време, со кој се бараат 12 извршители на повеќе работни позиции во рамките на институцијата.

Според огласот, избраните кандидати ќе бидат ангажирани на определено време до 30.06.2026 година.

Семенарна хоризонтален банер

Работни позиции за кои се бараат кандидати

Со јавниот оглас се бараат кандидати за следните позиции:

Reklamiraj se na zemjodelie.mk
  1. Помлад соработник за оперативна работа во регистрите – Подрачна единица Тетово
  2. Помлад соработник за оперативна работа во регистрите – Подрачна единица Кичево
  3. Помлад соработник за овоштарство – Одделение за овоштарство
  4. Помлад соработник за заштита на шумите од биотски и абиотски фактори
  5. Помлад соработник за административна работа – Подрачна единица Охрид
  6. Помлад соработник за административна работа – Подрачна единица Дебар
  7. Помлад соработник за административна работа – Подрачна единица Струга
  8. Помлад соработник за управни постапки – Сектор за нормативно-правни работи
  9. Помлад соработник за евиденции на прекршочни постапки
  10. Помлад соработник за собирање и административна контрола на податоци – Подрачна единица Кочани
  11. Самостоен референт за стручни административни работи – Подрачна единица Свети Николе
  12. Самостоен референт за стручни административни работи – Подрачна единица Неготино.

Општи услови за кандидатите

Кандидатите кои сакаат да аплицираат треба да ги исполнуваат следните услови:

  • да се државјани на Македонија
  • активно да го користат македонскиот јазик
  • да се полнолетни
  • да имаат општа здравствена способност за работното место
  • да немаат изречена забрана за вршење професија или дејност.

Образование и квалификации

За најголемиот дел од работните места се бара:

  • високо образование (најмалку 240 ЕКТС кредити или VII/1 степен)
  • образование од области како:
    • растително производство
    • правни науки
    • шумарство и хортикултура
    • општествени науки.

За дел од позициите е доволно високо или средно образование, а за некои се бара и најмалку три години работно искуство.


Плата и работно време

Според огласот, предвидената нето плата изнесува:

  • околу 30.173 до 31.639 денари за работните места од реден број 1 до 10
  • 27.832 денари за работните места од реден број 11 и 12.

Работното време е:

  • понеделник – петок
  • 40 часа неделно
  • работно време од 07:30 / 08:30 до 15:30 / 16:30 часот.

Потребна документација за аплицирање

Кандидатите треба да достават:

  • пријава за работното место
  • уверение за државјанство
  • лекарско уверение
  • потврда дека нема забрана за вршење професија
  • диплома за завршено образование
  • сертификат за англиски јазик
  • сертификат за компјутерски вештини
  • историјат од Агенцијата за вработување
  • кратка биографија.

Рок за аплицирање

Пријавите со потребната документација треба да се достават во рок од три дена од објавувањето на огласот.

Тигар лого гиф

Апликациите се испраќаат до:

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Сектор за човечки ресурси
ул. Ленинова бр.2, Скопје

Petel.mk

со назнака:
„НЕ ОТВАРАЈ – за вработување по јавен оглас бр. 01/2026“.

Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img