Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

7.8 C
Skopje
Thursday, October 2, 2025

More
    домаАгро советиКако да се подобри и зачува природната плодност на почвата?

    Како да се подобри и зачува природната плодност на почвата?

    petel baner

    Како да се подобри и зачува природната плодност на почвата?

    Земјоделското производство станува сè поинтензивно и позахтевно, а важен предуслов за одржливо земјоделство е токму подобрувањето и зачувувањето на природната плодност на почвата.

    bum.mk

    Отстранувањето на жетвените остатоци, неправилната употреба на минерални ѓубрива и пестициди може значително да ја осиромашат почвата. Долгорочно, тоа доведува до деградација, промена на pH вредноста, акумулација на соли и тешки метали, нарушување на структурата на почвата и пореметување на водно–воздушниот и топлотниот режим. Последица се приноси кои стагнираат или се намалуваат.

    Токму затоа во современото земјоделство сè почесто се применуваат агротехнички мерки како правилна обработка на почвата, плодоред, зелено ѓубрење, калцификација, заорување на жетвените остатоци и користење на микробиолошки ѓубрива.

    Заорување на жетвени остатоци – со помош на UNIKER.

    Во текот на жетвата, најважна мерка за подобрување на почвата е токму заорувањето на жетвените остатоци. Се препорачува нивно ситнење и третирање со микробиолошкиот препарат UNIKER за побрза и насочена биолошка разградување.

    • Дозирање: 5 l/ha со 200–400 l вода, прскање врз иситнетите остатоци, потоа внесување во почвата.

    • Дејство: УНИКЕР содржи целулолитички и протеолитички бактерии кои ја забрзуваат трансформацијата на растителните остатоци во хумус, без потреба од дополнително азотно ѓубриво благодарение на регулацијата на C/N односот.

    • Резултат: зголемување на содржината на органска материја, лесно достапни макро и микроелементи, подобра структура на почвата и полесна обработка, разградување на резидуи од пестициди и зголемување на микробиолошката активност на почвата.

    Предностите од користење на UNIKER

    uniker

    Растенијата посеани на вакво третирано земјиште имаат подостапни хранливи материи, се развиваат во поволни услови, поотпорни се и даваат постабилни приноси. UNIKER може да се користи и за компостирање на органски остатоци во домаќинствата.

    Со примена на UNIKER се намалува употребата на минерални ѓубрива, особено азотни, а истовремено се реализираат ЕКО шеми.

    UNI-MAX – гранулирано микробиолошко ѓубриво

    При самата сеидба особено се препорачува UNI-MAX – гранулирано микробиолошко ѓубриво на база на зеолит со нанесени микроорганизми, кое има биохемиско и механичко дејство:

    • Био-хемиско дејство: микроорганизмите постепено ослободуваат хранливи материи, ги разградуваат органските соединенија до форми на азот и фосфор достапни за растенијата и ослободуваат други микроелементи. Со тоа се намалува потребата за минерално ѓубрење за 20–50%. UNI-MAX е особено корисен на почви богати со недостапен фосфор.

    • Механичко дејство: честичките на зеолит ја задржуваат влагата, го намалуваат ризикот од суша и ја подобруваат структурата на почвата и водно–воздушните односи.

    Примена:

    • Микрогранули: 20–40 kg/ha при сеидба (со апликатор за микро ѓубриво)

    • Макрогранули: 150–200 kg/ha при основна обработка и ѓубрење во есен или предсеидбена подготовка (со расфрлувач за ѓубриво)

    Резултат: поздрави растенија со посилен раст, подобра исхрана, поголема отпорност и конечно – повисоки приноси.

    Заклучок

    Во есенскиот дел од производството особено се истакнуваат две мерки за зачувување и унапредување на плодноста на почвата:

    • третирање на иситнетото стрниште (сончоглед, пченка,пченица, јачмен) со UNIKER

    • примена на стартното гранулирано микробиолошко ѓубриво UNI-MAX при сеидба на зимски сорти

    На овој начин се создава основа за зачувување на природната плодност на почвата и обезбедување одржливо земјоделство со стабилни и квалитетни приноси.

    agrounik
    uniker

    За дополнителни информации и консултации со нашиот агроном јавете се на:

    дипл. Антонио Карамитров
    Мобилен: +38978271471

    дипл. Дејан МИХАЈЛОВСКИ
    Мобилен: +389075416080

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Тимот на Агроуник ви стои на располагање.

    Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img