домаМеханизацијаТРАКТОР LOVOL 904 со настрешница –  Моќен, Современ, Ефикасен

ТРАКТОР LOVOL 904 со настрешница –  Моќен, Современ, Ефикасен

Моќниот и современ трактор LOVOL 904, дел од понудата на НАЈК ПРОМ ДООЕЛ!

Тракторот LOVOL 904 е дизајниран за најефикасна и најсовремена обработка на вашите земјоделски површини.

LOVOL 904 поседува ефикасен 4-цилиндричен дизел мотор со PERKINS технологија со турбо и директно вбризгување за стабилна работа на моторот, ниска потрошувачка, обезбедува максимална сигурност и професионална обработка на сите работни површини. Има максимална резерва на вртежен момент од ≥30% и сила на влечење од 24 KN. Синхронизираниот менувач со 12 + 12 брзини овозможува лесно менување и комфор во извршувањето на сите операции.

Тракторот LOVOL 904 има мал радиус на вртење од 4,5 m со што го заштедува времето за вртење и ја зголемува ефикасноста. Располага со удобен работен простор, со ергономски дизајн, прилагодлива висина на хидрауличен управувач, Grammer воздушно и удобно седиште, кои го намалуваат заморот на операторот за време на долгите часови на терен.

Тракторот LOVOL 904 е со 3 години гаранција и целосна поддршка во и вон гарантен рок во нашиот високо опремен овластен сервис за сите застапувани брендови.

Спецификација за Трактор LOVOL 904:

  • Mоќност на мотор: 90 коњски сили
  • Број на цилиндри / зафатнина на мотор: 4 цилиндри / 4000 cm3
  • Погон на сите 4 тркала / 4WD
  • Хидрауличен волан
  • Синхронизиран менувач / Брзини: 12 напред, 12 назад
  • Кардан со 2 брзини: 540 и 1000 вртежи
  • Гуми Агри: Предни 12.4-24, Задни 18.4-30
  • Хидраулика: двосмерна MONOBLOK
  • 4 хидраулични излези
  • Тегови: напред 8 x 44kg и назад 4 x 82kg
  • Компресор, приклучоци за воздух, 2 влечни куки, топлинг, сет алат
  • Настрешница и заштитен рам
  • Grammer воздушно седиште

Тракторот LOVOL 904 е достамен во понуда и со херметичка кабина со парно и клима.

LOVOL заедно со НАЈК ПРОМ, како генерален и единствен увозник во нашата држава, полека но сигурно го освојуваат македонскиот пазар со квалитет, перформанси и дизајн!

Објава на Facebook групата, LOVOL Macedonia:  https://www.facebook.com/share/p/18R7XYCBkk/

Во продажните места на НАЈК ПРОМ достапни на залиха и секаков вид на земјоделска приклучна механизација и машини од најквалитетните брендови за сите потреби на земјоделците.

Нудиме можност за плаќање до 60 рати преку банка со најповолни услови, исто така нудиме професионални консултации, изготвување понуди и помош при аплицирање за сите тековни програми и поддршки за земјоделците.

За информации за актуелната залиха, техничките спецификации, потребната моќност на тракторот и цените, тимот на НАЈК ПРОМ ДООЕЛ ви стои на располагање.
Контакт Струмица:
034/523-513;  075/468-397; 075/256-468; 072/261-251
Контакт Битола:
075/212-768
e-mail: najkprom@live.com

НАЈК ПРОМ ДООЕЛ е компанија која успешно работи 20 години на нашиот пазар и професионално се занимава со трговија на големо и мало со продажба на трактори, земјоделска механизација, градежна механизација, мотоцикли, четирицикли и друго. 

Генерални и директни увозници сме на повеќе познати и реномирани брендови како LOVOL, ArmaTrac, POLARIS, INDIAN, AODES, LINHAI, KAYO, SHINERAY, SWM, LONGJIA, OKAY Ekonomic, Agrokun, Turan Tarim, Palazoglu, FPM и други.

Поседуваме високо опремени и квалификувани сервиси во Струмица и Битола со кои вршиме овластено сервисирање на сите брендови во и вон гарантен рок, редовни сервиси, целосна подршка на терен со голем возен парк и квалификуван кадар да одговори на сите потреби во најкраток можен рок. 

Главна цел на тимот во НАЈК ПРОМ е давање на квалитетни производи и услуги кои одговараат на сите нормативни барања со што секогаш се грижиме за долготрајна и квалитетна соработка со нашите ценети клиенти.

Разгледајте дополнително понудата на Најк Пром Дооел на нивнатата веб страна, Фејсбук, Инстаграм.

Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на Вибер, Телеграм, Фејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени. 

Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img